Мудри пословици на Соломон, Давидовиот син, израелскиот цар: За да се сознае мудроста и поуката, за да се сфатат благоразумните зборови; за да се прими умна поука, правда, правосудство и правичност; за да им се даде памет на неискусните; знаење и умеење на младиот човек; кога мудриот чуе, да биде уште помудар, а разумниот да стекне помудри мисли; за да ги разбере пословиците и приказните, зборовите на мудреците и нивните загатки. Стравот од Господа е почеток на мудроста, но безумните ги презираат мудроста и поуката.
Прочитај ПОСЛОВИЦИ 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПОСЛОВИЦИ 1:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа