Изреки 1:1-7
Изреки 1:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Изреки на Соломон, син Давидов, цар израелски, за да се познае мудроста и поуката, за да се разберат изреките на разумот; за да се усвојат правилата на благоразумието, правосудието, судот и правината; да им се даде на простите разумност, на младите – знаење и расудување. Ако мудриот слуша, ќе ги умножи знаењата свои, и разумниот ќе најде мудри совети, за да разбира мудра изрека и длабок збор, зборовите на мудреците и нивните гатанки. Почеток на мудроста е стравот Господов; само глупавите ги презираат мудроста и поуката.
Изреки 1:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Мудри пословици на Соломон, Давидовиот син, израелскиот цар: За да се сознае мудроста и поуката, за да се сфатат благоразумните зборови; за да се прими умна поука, правда, правосудство и правичност; за да им се даде памет на неискусните; знаење и умеење на младиот човек; кога мудриот чуе, да биде уште помудар, а разумниот да стекне помудри мисли; за да ги разбере пословиците и приказните, зборовите на мудреците и нивните загатки. Стравот од Господа е почеток на мудроста, но безумните ги презираат мудроста и поуката.