Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПОСЛОВИЦИ 29

29
Ж. Пофалба на правосудство и проклетство на нечесност
1Човекот кој по опомената останува тврдоглав, во миг ќе се скрши и нема да му има лек. 2Народот се радува кога се умножуваат праведниците, а народот воздивнува, кога ќе завладеат нечесните. 3Човек кој ја љуби мудроста, го радува татка си, а кој се дружи со блудниците, го растурува имотот. 4Царот ја одржува државата со правда, а ја разурнува кој бара подароци. 5Човек кој му ласка на својот ближен, им простира мрежи на неговите стапки. 6Во гревот е стапицата за лошиот човек, а праведникот ликува и се весели. 7Праведникот го разбира правото на бедните, а нечесниот не вникнува за да сфати. 8Потсмевачите го запалуваат градот, а мудрите го стивнуваат гневот. 9Кога мудриот спори со безумникот, или да се гневи, или да се смее, сеедно, нема мир. 10Крвопијците го мразат чесниот, а праведниците се грижат за неговиот живот. 11Безумникот го излева сиот свој гнев, а мудриот го воздржува. 12Ако владетелот послуша лажлив збор, сите негови слуги стануваат нечесни. 13Сиромавиот и дерикожецот се среќаваат, Господ ги просветлува очите на двајцата. 14Цар кој им суди на бедните според правдата, има цврст престол довека. 15Прачката и изобличувањето даруваат мудрост, а разузданото дете ја срами својата мајка. 16Кога се множат нечесните, се множи и беззаконието, но праведниците ја набљудуваат нивната пропаст. 17Изобличи го својот син, и ќе те успокои и ќе ѝ даде радост на твојата душа. 18Каде нема откровение пророчко народот се разуздува, а кој го пази Законот е блажен! 19Само со зборови не се поправува слугата, зашто не се покорува, иако сфаќа со умот. 20Дали си видел човек брз на зборови? И безумникот има повеќе надеж од него. 21Кој го мазни својот слуга од детство, после ќе му биде како син. 22Гневливиот човек предизвикува препирки, а избувливиот човек прави многу гревови. 23Гордоста го понижува човекот, а смирениот во дух придобива чест. 24Кој со крадец дели плен, се мрази самиот: слуша проклетства и ништо не открива. 25Стравот му поставува стапица на човекот, а кој се надева на Господа, наоѓа закрила. 26Мнозина ја бараат милоста на владетелот, но Господ дели правда секому. 27Неправедникот им е омразен на праведните, а праведникот е омразен на нечесните.

Селектирано:

ПОСЛОВИЦИ 29: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се