ПОСЛОВИЦИ 30
30
В. АГУРОВИ ИЗРЕКИ
30:1-33
А. Лично сведоштво
1Зборови на Агур, Јаќеев син, од Маса; негово пророштво за Итиел, за Итиел и Укал. 2Да, преглуп сум за да бидам човек, и немам човечки разум. 3Не придобив мудрост, и не ги познавам знаењата на Светецот!
4Кој се вознесе на небо и слезе? Кој го фати ветерот во своите грсти? Кој ги собра водите во својата наметка? Кој ги постави земските краишта? Како се вика и како му се вика синот? Знаеш ли? 5Секое Божјо слово е испитано, Тој им е штит на оние, кои се надеваат на Него. 6Не додавај им ништо на Неговите зборови, за да не те изобличи и да не те смета лажлив.
7За две нешта те молам: не откажувај ми ги, додека не умрам: 8оддалечи ги од мене: суетата, и лагата; не ми давај ни сиромаштво ни богатство; храни ме со мојот насушен леб; 9за да не се откажам од тебе, откако ќе се наситам, и да речам: „Кој е Господ?“ Или осиромашувајќи - би крадел и би го онечистил името на својот Бог.
Б. Бројни приказни
10Не го клевети слугата пред неговиот господар, зашто би можел да те проколне, и да се најдеш виновен.
11Има род кој го колне татка си и не ја благословува својата мајка! 12Род кој мисли за себе дека е чист, а не е измиен од своите нечистотии. 13Род со издигнати очи, кој ги крева високо своите клепки! 14Род чии заби се мечеви, а челустите ножеви, за да ги изеде несреќните на земјата и бедните меѓу луѓето!
15Пијавицата има две ќерки: „Дај! Дај!“ Суштествуваат три ненаситни работи; и четири што не велат: „Доста!“ 16Смртта, неплодната утроба, земјата што никогаш не се сити со вода, и огнот што никогаш не вели: „Доста!“ 17Окото што му се потсмева на таткото и одречува послушност на мајката, ќе го исколваат поточните гаврани и ќе го изедат млади орли.
18Три нешта ми се чудни, а четвртото не го разбирам: 19орловиот пат по небото, змииниот пат по стената, патот на бродот среде морето, и патот на мажот кон девојката. 20Таков е патот на прељубницата: ќе се најаде, ќе ја избрише устата и вели: „Не згрешив.„
21Од три нешта се тресе земјата, а четвртото не може да го трпи: 22од роб кога ќе стане цар, и кога простиот ќе се насити леб; 23од разведена жена кога ќе се мажи, и од слугинката, која ќе ја истисне својата господарка.
24Четири нешта се мали на земјата, но се помудри од мудрите: 25мравките, нејаки суштества, што лете ја приготвуваат храната за себе; 26јазовците, суштества без сила; што во стена си изградуваат куќа; 27скакулците, кои немаат цар, а сите одат по дружини; 28гуштер, што се фаќа со рака, а проникнува во царските дворци.
29Три нешта имаат убав чекор, а четвртото убаво оди: 30лавот, јунак меѓу ѕверовите, што не се повлекува пред никого; 31петелот, што се шета смело меѓу кокошките; јарецот, што предводува стадо, и царот со својата војска. 32Ако си лудувал гордејќи се, или си смислил зло, сложи ја раката на устата. 33Кога се мати млекото, излегува маст, кога се притиснува носот, потечува крв, кога се поттикнува гневот, се зафаќа препирка.
Селектирано:
ПОСЛОВИЦИ 30: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: