Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 10

10
Молитва кога се забавува Божјиот суд
1. Беззаконија на нечесни
1Зошто, Господи, стоиш далеку, зошто се криеш во време на неволја? 2Од гордоста на нечесните се измачуваат бедните; нека се фатат во сплетките што ги замислија. 3Безбожникот се фали со желбите на својата душа; среброљубецот се одречува од Господа и Го презира. 4Безбожникот вели во својата гордост: не, нема истраги! Па нема ни Бог! Такво е неговото мислење.
5Неговите патишта секогаш се опаки; на Твоите судови тој и не мисли; ги презира сите свои противници. 6Во своето срце вели: „Нема да се расколебам! Нема да бидам несреќен - од род во род.“ 7Устата му е полна со клетви, итрини и измами, под неговиот јазик има злоба и гибел. 8Седи во заседа, покрај оградите во селата, потајно го убива невиниот, со очите го демне бедниот.
9Седи во засолниште, како лав во пештера, демне да го ограби сиромашниот и да го вовлече во својата мрежа. 10Се притајува, прилегнува, и беспомошните паѓаат под неговата сила. 11Во своето срце вели: „Бог заборави, го крие Своето лице и нема да види никого.“
2. Надеж на Божја помош
12Стани, Господи Боже, крени ја Својата рака! Не заборавај ги бедните! 13Зошто безбожникот Го презира Бога? Тој вели во своето срце: „Нема да води истрага.“ 14Ти виде, зашто ги гледаш неправдите и маките, и ги мериш во раката. Бедниот Ти се доверува Тебе, Ти си му помошник на сирачето. 15Сотри му ја мишката на нечестивиот, и на злотворот, казни му го лукавството, за да не биде повеќе.
16Господ е Цар, секогаш, низ вековите, ќе ги снема народите од Неговата земја. 17Господи, Ти ги слушаш желбите на кротките; зајакни им ги срцата; отвори го Своето уво: 18да го заштитиш правото на сирачето и угнетуваниот, така што човекот, кој е од земја, да не застрашува веќе.

Селектирано:

ПСАЛМИ 10: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се