ПСАЛМИ 25
25
Молитва за водство и заштита
1. Барање на Божји патишта
Давидов псалм.
1Кон Тебе, Господи, ја подигам мојата душа. 2На Тебе се надевам, Боже мој; не оставај да се засрамам, за да не се веселат над мене, моите непријатели. 3Навистина, нема да се засрамат оние, кои се надеваат на Тебе; ќе се засрамат оние, кои изневеруваат без причина.
4Покажи ми ги, Господи, Твоите патишта, научи ме на Твоите патеки! 5Води ме во Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение; на Тебе се надевам секој ден. 6Спомни си, Господи, за Твојата верност и за Твојата љубов довека. 7Не спомнувај си за гревовите на мојата младост, за моите престапи; спомни си за мене, о Господи! според Твојата љубов и заради Твојата благост!
2. Господ го покажува јасно Својот пат
8Господ е благ и праведен: затоа ќе им покаже пат на грешниците. 9Тој ги води кротките во правда, ги научува кротките на Својот пат. 10Сите Господови патишта се милост и вистина, за оние кои ги чуваат Неговиот Завет и Неговите сведоштва. 11Господи, заради Твоето име, прости ми го гревот, зашто е голем.
12Кој е човекот, кој се бои од Господа? Него, Тој ќе го поучи кој пат да избере. 13Неговата душа ќе живее спокојно, а неговото семе ќе ја наследи земјата. 14Господ е близу до оние, кои се бојат од Него, и ќе им го покаже Својот Завет. 15Моите очи се насочени секогаш кон Господа, зашто Тој ги извлекува моите нозе од мрежата.
3. Молитва за избавување
16Погледај ме и смилувај ми се, зашто сум осамен и натажен. 17Тагите ма моето срце, се умножени, избави ме од моите јадови! 18Види ги мојата неволја и мака и прости ми ги сите гревови. 19Погледај ги моите врагови: колку се многу и со каква жестока омраза ме мразат. 20Чувај ја мојата душа и спаси ме: не оставај да се засрамам, зашто се надевам на Тебе. 21Невиноста и чесноста нека ме пазат, зашто се надевам на Тебе! 22Господи, избави го Израел, од сите негови беди.
Селектирано:
ПСАЛМИ 25: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.