ПСАЛМИ 46
46
Бог ни е прибежиште и сила
1. Бог наше прибежиште
За началникот на пејачите. За Кореевите синови. Песна за Аламот.
1Господ ни е засолниште и тврдина, секогаш проверен помошник во неволја. 2Затоа не се плашиме кога земјата се лулее, кога бреговите се рушат во морето. 3Нека бучат и беснеат морските бранови, нека треперат планините од нивната жестокост:
2. Бог - наша сила
4Реката и нејзините струи го веселат Божјиот Град, пресветиот шатор на Сѐвишниот. 5Бог е сред него, нема да се разлулее; Бог му помага од првите мугри. 6И да беснеат народите, и да се распаѓаат царствата, штом Неговиот глас загрми, земјата се растопува: 7Господ на Воинствата е со нас, Јакововиот Бог е наша тврдина!
3. Бог - наша победа
8Дојдете, видете ги Господовите дела, какви чуда Тој направи на земјата: 9Ги прекрати војните до крајот на земјата, ги крши лаковите и ги ломи копјата, ги изгорува колите со оган. 10Молкнете и знајте дека Јас Сум Бог, возвишен над народите, возвишен над целата земја. 11Господ на Воинствата е со нас, Јакововиот Бог е наша тврдина!
Селектирано:
ПСАЛМИ 46: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.