ПСАЛМИ 48
48
Сионска песна
1. Сион - град на нашиот Бог
Песна. Псалм за Кореевите синови.
1Господ е величествен, предостоен за фала, во градот на нашиот Бог, Неговата Света Гора. 2Величествениот рид, е радост на целата земја. Планината Сион на крајниот север, е град на великиот Цар. 3Бог во нејзините дворци, се покажа како цврста тврдина.
2. Утврдување на Сион
4Зашто, ете, царевите се сложија, нападнаа заеднички. 5Штом видоа, се зачудија, и збунети почнаа да бегаат. 6Таму ги опфати трепет, како болки на родилка, 7како кога источниот ветер, ги крши тарсиските бродови. 8Што чувме, сега гледаме: градот на Господа на Воинствата, градот на нашиот - Бог Бог го зацврстува довека.
3. Сион го фали Бога
9Си спомнуваме Боже, за Твојата благост, среде Твојот Храм. 10Како Твоето име, Боже, така и Твојата слава стигнуваат до крајот на земјата. Твојата десница е полна со правда. 11Нека се весели Сионската Гора, нека се радуваат Јудините ќерки заради Твоите судови! 12Обиколете го Сион и поминете преку него, пребројте ги неговите стражарници! 13Погледајте ги добро неговите утврдувања; разгледајте ги неговите дворци: за да им раскажувате на идните поколенија; 14Таков е Бог, нашиот Бог засекогаш и довека! Тој ќе не раководи дури до смрт!
Селектирано:
ПСАЛМИ 48: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: