ПСАЛМИ 49
49
Проповед за безумна надеж на богатство
1. Повик за слушање
За началникот на пејачи. За Кореевите синови. Псалм.
1Слушајте го ова, сите народи, чујте, сите жители на земјата, 2вие, деца на народот, и вие високо поставени, богати и бедни заедно! 3Мојата уста ќе зборува мудрост, и моето срце разумни мисли. 4Ќе го наведнам увото кон поучна приказна, ќе ја изнесам својата гатанка со китара.
2. Непостојаност на богатство
5Зошто да се палашам во несреќни денови, кога ме опкружи злобата на предавниците, 6кои се надеваат на својот имот и се фалат со големо богатство? 7Човек не може никако да го откупи брата си, ниту да му даде на Бога откупнина: 8цената на животот е превисока и никогаш не ќе ја плати, 9за да може да живее довека и да не ја види гробната јама.
10Зашто, и мудрите умираат, гинат и лудиот и безумниот; своите богатства им ги оставаат на други. 11Во себе мислат; нивните куќи ќе останат засекогаш, нивните станови од колено до колено, иако ги наречуваат земјите со свои имиња. 12Но човекот со сета своја слава не ќе трае. Сличен е на животните што гинат.
3. Крај на оние кои се надеваат на богатство
13Таков е патот на оние што се надеваат напразно, таков е крајот на оние што уживаат во своите зборови. 14Како стада се збираат во Подземјето, смртта им е пастир; а добрите ќе владеат над нив во утрото. Нивниот облик ќе биде уништен, Подземјето ќе им биде живеалиште. 15А мојата душа Бог ќе ја истрга од канџите на Подземјето и ќе ме прими милостиво.
4. Заклучен совет
16Не бој се ако некој се обогати, и ако се зголеми имотот на неговиот дом: 17кога ќе умре, ништо не ќе земе со себеси и неговото благо нема да слезе со него. 18Ако се сметаше за среќен во животот, ќе се зборува дека ти беше добро! 19И тој ќе дојде во собранието на своите татковци, каде не ќе ја види повеќе светлината. 20Човекот кој живее неразумно, сличен е на животните што гинат.
Селектирано:
ПСАЛМИ 49: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: