ПСАЛМИ 51
51
Покајники псалм
1. Давидова молитва за проштевање и исповедување на грев
За началникот на пејачите. Давидов псалм. Кога пророкот Натан дојде при него, откако Давид беше при Витсавеа
1Смили ми се Боже, според Твоето милосрдие, според големите помилувања избриши го моето беззаконие! 2Измиј ме целиот од мојата вина, очисти ме од мојот грев. 3Зашто го признавам своето беззаконие, мојот грев е секогаш пред мене. 4Тебе, само Тебе, Ти згрешив и направив што е зло пред Тебе: ќе бидеш праведен кога ќе проговориш, кога ќе пресудиш без прекорување.
5Еве, грешен сум веќе роден, во грев ме зачна мојата мајка. 6Ете, Ти љубиш искрено срце, ме учиш на мудрост во длабочината на душата. 7Пороси ме со босилек, за да се очистам, измиј ме и ќе бидам побел од снегот! 8Дај ми да чујам радост и веселба, за да се зарадуваат скршените коски! 9Заврти го лицето од моите гревови, избриши го сето мое беззаконие!
2. Давидова молитва и ветување
10Боже, создај ми чисто срце, и постојан дух обнови во мене! 11Не ме отфрлај од Твоето лице и не одземај го Твојот Свет Дух од мене! 12Врати ми ја радоста на Своето спасение и поткрепи ме со слободен дух! 13Ќе ги научам беззакониците на Твоите патишта и грешниците ќе Ти се обратуваат.
14Ослободи ме од пролеаната крв, Боже, Боже, Спасителе мој! Нека мојот јазик се зарадува за Твојата правда.
3. Јадосано и смирено срце
15Господи, отвори ги моите усни, и мојата уста ќе ја разгласува Твојата фала. 16Не Ти се мили жртви, кога би принесувал паленица, Ти не би ја примил. 17Смирениот дух е жртва на Бога, нема да го презреш, Боже, понизното и покајничко, срце.
4. Молитва за Сион
18Биди му милостив на Сион со Својата добрина, и пак изгради ги ерусалимските ѕидови. 19Тогаш ќе Ти бидат мили праведните жртви, приноси и паленици, и тогаш ќе бидат принесувани телиња на Твојот жртвеник.
Селектирано:
ПСАЛМИ 51: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: