ПСАЛМИ 52
52
Судбина на грешен
1. Опис на нечестив
За началникот на пејачите. Давидова поука, откако Идумеецот Доик дојде и откако му кажа на Саула, дека Давид влегол во домот на Ахимелех.
1Зошто се фалиш со злобата, силнику? Милоста Божја е довека! 2Непрекратно измислуваш нечесност твојот јазик е како наточен брич, лукав! 3Повеќе го сакаш злото отколку доброто, и лагата повеќе од вистината! 4Ги сакаш гибелните зборови, лажлив јазику!
2. Крај на грешник
5Затоа Бог ќе те сотре и тебе, ќе те отстрани засекогаш, ќе те истрга од твојот шатор, ќе те откорне од земјата на живите. 6Праведните ќе гледаат со страв и ќе му се потсмевнуваат: 7„Ете го човекот, кој не го зеде, Бога за своја заштита, туку се надеваше на големо богатство и се засили во своите злочини.“
3. Пофалба за праведник
8А јас, како зелена маслина, во Божјиот Дом, се надевам на Божјата милост довека. 9Ќе Те славам вечно бидејќи го направи тоа, и ќе го очекувам Твоето име, зашто е благо, пред Твоите свети.
Селектирано:
ПСАЛМИ 52: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: