ПСАЛМИ 57
57
Давидово избавување од Саула
1. Молитва и тага
За началникот на пејачите. Не погубувај. Давидово писмо кога тој избега од Саула во пештера.
1Помилувај ме, Боже, о помилувај ме, зашто мојата душа се надева на Тебе. Се засолнувам под сенката на Твоите крилја, додека не мине гибелта. 2Викам кон Сѐвишниот Бог, кон Бога кој ми исполни сѐ. 3Нека испрати од небесата и нека ме спаси, нека ги засрами оние, што ме гонат: нека ја испрати Бог Својата милост и вистина.
4Лежам среде лавовите, што ги голтаат човечките синови. Забите им се копја и стрели, а јазикот им е наострен меч. 5Возвиши се, Боже, над небесата, Твојата слава нека е над целата земја! 6Наместија мрежи за моите стапки, ја стиснаа мојата душа; ископаа јама пред мене, и сами паднаа во неа.
2. Фалба и благодарност
7Постојано е моето срце Боже, постојано е моето срце, ќе пеам и ќе свирам. 8Разбуди се, душо моја! Разбуди се псалтир и гусле! Ќе ги разбудам утринските мугри. 9Ќе Те фалам Господи, меѓу народите, ќе Ти пеам меѓу племињата. 10Зашто Твојата милост е до небото, Твојата верност е до облаците. 11Возвиши се, Боже, над небесата, Твојата слава нека е над целата земја!
Селектирано:
ПСАЛМИ 57: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.