ПСАЛМИ 7
7
Молитва при тага
1. Давид Му се обратува на Бога
Давидова тажачка, што Му ја испеа на Господа поради зборовите на Венијаминецот Хус.
1Господи, Боже мој! Се надевам во Тебе спаси ме од сите мои гонители и избави ме; 2да не ми ја истргаат душата како лав, што раскинува, без да се најде избавител.
2. Тој ја заштитува својата правда
3Господи, Боже мој! Ако јас го направив тоа, ако има неправда во моите раце, 4ако му вратив со зло на оној, што беше во мир со мене; или го ограбив оној, кој ме гони без причина; 5тогаш нека непријателот ја подгони мојата душа и нека ја стигне; и нека го згази животот мој на земјата, и ја повали мојата чест во прашина.
3. Тој се повикува на правда
6Стани, Господи, во Својот гнев; крени се против јароста на моите противници, и разбуди се заради мене, Ти, Кој го одреди судот. 7И нека собраните народи Те опкружат; врати се на високо, над нив. 8Господ им суди на народите! Суди ми и мене, Господи, според мојата правда, и според мојата чесност во мене. 9Нека прекрати беззаконието на нечесните, помогни му на праведникот. Ти, праведен Боже, Кој ги испитуваш срцата и внатрешноста.
4. Судбина на нечесниот
10Мојата заштита е во Бога, Кој ги избавува оние, што се прави во срцето. 11Бог е праведен Судија, и Бог, Кој се гневи секојдневно на безбожниците.
12Ако не се обрати, Тој ќе го наостри Својот меч, ќе го оптегне и ќе го приготви Својот лак. 13Тој приготвил против нив смртоносни оружја, ги прави огнени Своите стрели. 14Ете, злотворот зачна неправда, заноси нечесност и роди измама.
15Ископа ров и го продлабочи; и падна во јамата, што ја ископа. 16Неговата нечесност ќе се врати врз неговата глава и неговото насилство ќе падне на неговото теме.
5. Слава на Господа според Неговата правда
17А јас ќе Го фалам Господа заради Неговата правда и ќе му пеам на Името на Сѐвишниот Господ.
Селектирано:
ПСАЛМИ 7: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.