ПСАЛМИ 77
77
Утеха при спомнување на големи Божји дела
1. Молитва за помош
За првиот пејач, по Идитум. Асафов псалм.
1Викам кон Бога, со мојот глас, мојот глас се издига кон Бога, и Тој ме слуша. 2Во ден на неволја Го барам Господа, ноќе, мојата рака се испружува неуморно, мојата душа не сака да се утеши. 3Си спомнувам за Бога и воздивнувам; кога размислувам ми го снемува здивот. 4Ги држиш моите клепки, потресен сум, не можам да зборувам. 5Размислувам за древните дни и се сеќавам за минатите години; 6се сеќавам, ноќе, на мојата песна, размислувам во срцето, и мојот дух испитува: 7„Дали Господ ќе отфрли засекогаш и дали ќе биде, кога и да е, уште милостив? 8Дали прекрати Неговата милост засекогаш, пропадна ли Неговото ветување за сите поколенија? 9Заборави ли Бог да биде благодатен, или гневен ја затвори Својата милост?“ 10И говорам: „Ова е мојата болка: се измени десницата на Сѐвишниот.“
2. Големи Божји дела во древност
11Си спомнувам за Господовите дела, се сеќавам за Твоите древни чудеса. 12Ги набљудувам сите Твои дела, го разгледувам она што го направи. 13О Боже, свет е Твојот пат; кој бог е толку голем како нашиот Бог? 14Ти си Бог, Кој твориш чудеса, врз народите ја покажа Својата сила. 15Со мишката го избави Својот народ, Јакововите и Јосифовите синови. 16Водите Те видоа, Боже, водите Те видоа и се повлекоа, бездните се разбрануваа. 17Облаците истурија поројни води, облаците зататнија со гром, и Твоите стрели полетаа. 18Твојот грмеж се заори во виорот, секавиците ја осветлија вселената, земјата се стресе и се разниша. 19Низ морето Тебе Ти се отвори пат и Твојата патека низ големи води, а Твоите траги никој не ги виде. 20Ти го водеше Твојот народ, како стадо, со рацете на Мојсеја и на Арона.
Селектирано:
ПСАЛМИ 77: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.