ПСАЛМИ 80
80
Израелева молитва за избавување од беди
1. Повик за помош
За началник на пејачи. На свиралката: Шошаним-Едут. Асафов псалм.
1Израелев Пастиру, послушај, Ти што го водиш Јосифа, како стадо овци! Ти што седиш над херувите, заблескај. 2Пред Ефрема, Венијамина и Манасија: разбуди ја Својата сила, дојди ни напомош! 3Боже, обнови нѐ, разведри го Своето лице и спаси нѐ!
2. Израелева збунетост
4Господи, Боже над Воинствата, до кога ќе пламнуваш, иако Твојот народ се моли? 5До кога ќе нѐ храниш со лебот на солзите, и ќе нѐ напојуваш изобилно со солзи? 6До кога нашите соседи ќе се препираат за нас, и ќе ни се ругаат нашите непријатели?
7Боже над Воинствата, обнови нѐ, разведри го Своето лице и спаси нѐ!
3. Израел - запустено лозје
8Ти ја пренесе лозата од Египет, ги истера нечистите, а неа ја засади. 9Ти ѝ подготви почва, и таа пушти корења и ја наполни земјата. 10Сенката ѝ ги покри бреговите, гранките ѝ станаа како Божји кедрови. 11Своите млади прачки ги испружи до морето и своите ластари до Реката. 12Зошто ѝ ја сруши оградата, за да ја берат сите што минуваат патем, 13да ја запустува дивинита од гората, да ја пасат полските ѕверови?
4. Повторен повик за помош
14Врати се, Боже над Воинствата, погледај од небото и види, посети го ова лозје: 15заштити го тоа што го засади Твојата десница, синот кого го воспита за Себеси! 16Тие што ја изгореа и исекоа, нека загинат од заканувањето на Твоето лице! 17Твојата рака нека биде над човекот на Твојата десница, над човечкиот син, кого го воспита за Себеси! 18Не ќе се одметнуваме повеќе од Тебе; поживи нѐ, а ние ќе го повикуваме Твоето име. 20Господи, Боже над Воинствата, обнови нѐ! разведри го Своето лице и спаси нѐ!
Селектирано:
ПСАЛМИ 80: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: