ПСАЛМИ 81
81
Божја благост и Израелева непокорност
1. Фала и песна на Бога
За началник на пејачи. На гетска свиралка. Асафов псалм.
1Пејте Му радосно на Бога, на нашата сила, пејте Му радосно на Јакововиот Бог! 2Нека зазвучат жиците, нека се чуе тапанчето, свирете со милозвучен псалтир! 3Затрубете во рог при млада месечина, при нова месечина, на нашиот празник! 4Зашто тоа е Израелев закон, заповед на Јакововиот Бог. 5Таков закон му даде на Јосифа, кога излегуваше од Египетската Земја.
2. Божја благост кон Израел
6Чув таинствено шепотење: „Го ослободив од терет неговото рамо, рацете му се слободни од кошницата. 7При тешкотија Ме повика, и Јас те избавив; Ти одговорив од громовниот облак; те искушав при Меривските Води. 8Слушај, Мој народе, и Јас ќе те опоменам: о, да Ме послушаш, Израеле! 9Да нема друг бог меѓу тебе, и не клањај се на друг бог! 10Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја: отвори ја твојата уста и ќе ја наполнам!
3. Божјо предупредување на неверен народ
11Но Мојот народ не го слушаше Мојот глас, Израел не Ме послуша. 12Затоа го оставив на неговото окоравено срце: нека оди како што му се сака! 13О, кога Мојот народ би Ме слушал, кога Израел би чекорел по Моите патишта, 14брзо би ги покорил неговите непријатели, Својата рака би ја свртел против неговите противници. 15Тие што го мразат сега, би му се додворувале, и нивната судбина би била запечатена засекогаш. 16А Својот народ би го хранел со најдобрата пченица, и би го сител со мед од пештерите.“
Селектирано:
ПСАЛМИ 81: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: