Лого на YouVersion
Икона за пребарување

РИМЈАНИТЕ 9

9
Божја промисла за Израел.
1Зборувам вистина во Христа - не лажам - мојата совест ми сведочи за тоа во Светиот Дух, 2дека ми е многу жал и дека срцето ме боли непрестано. 3Имено, би сакал да бидам самиот - како проколнат - одвоен од Христа, за моите браќа, за моите роднини по тело, 4кои се Израелци; на кои им припаѓаат: посинувањето и славата, заветите и законодавството, богослужението и ветувањата; 5чии се и татковците, од кои потекнува и Христос по тело, Кој е Бог над сите, благословен во сите векови! Амин!
6Но не треба да се мисли дека пропадна Божјото слово; зашто не сите, кои водат потекло од Израел, се вистински Израелци, 7ниту сите се Авраамови деца, затоа што се негово потомство; но „во Исака ќе се нарече Твоето семе,“ 8тоа значи: дека сите деца по тело не се Божји деца, туку децата на ветувањето се сметаат за потомство. 9А словото на ветувањето е ова: „Ќе дојдам во ова време, и Сара ќе има син.“ 10Но не само таа, туку и Ревека, која зачна од еден, од нашиот татко Исак. 11Зашто уште додека не беа ни родени близнаците, ниту направиле нешто добро или зло; за да остане онака како што Бог определил по свој избор, да не зависи од делата, туку од Оној Кој повикува; 12нејзе ѝ беше речено: „Поголемиот ќе му служи на помалиот,“ 13како што е напишано: „Јакова го возљубив, а Исава го замразив.“
14И така, што ќе речеме? Има ли неправда во Бога? Да не биде! 15Зашто му вели на Мојсеја: „Ќе го помилувам, кого го милувам и ќе го сожалам, кого го сожалувам.“ 16Според тоа, не зависи од оној, кој сака; ниту од оној, кој трча, туку од милостивиот Бог. 17Зашто Писмото му вели на фараонот: „Имено, затоа те издигнав, за да ја покажам Мојата сила во тебе и за да се разгласи Моето име по целата земја.“ 18Па така: му искажува милост кому сака, а кого сака го прави корав.
19Сега, ти ќе ми речеш: „Тогаш, зошто укорува? Зашто, кој може да му се воспротиви на Неговиот совет?“ 20Та кој си ти, о човеку, да одговараш против Бога? Зар ракотворбата ќе му рече на својот творец: „Зошто си ме направил така?“ 21Или зар грнчарот нема власт над глината: од истата смеса да направи еден сад за чесна, а друг за нечесна употреба? 22А што ако Бог - сакајќи да го покаже Својот гнев и да ја пројави Својата сила - со големо долготрпение, ги трпел садовите на гневот, приготвени за погибел, 23за да го пројави истовремено богатството на Својата слава над садовите на милоста, што ги приготвил отпорано за слава; 24како такви, нѐ повика и нас, не само од Јудејците, туку и од народите, 25како што вели и кај Осија: „Народ, кој не е Мој народ, ќе го наречам Мој; и онаа, која не е возљубена, ќе ја наречам возљубена,“ 26и така ќе се случи дека на местото, каде им беше речено: „Вие не сте Мој народ,“ таму ќе бидат наречени синови на живиот Бог.“ 27А Исаија вика за Израел: „Иако бројот на Израелевите синови е колку морскиот песок, ќе се спаси само Остатокот, 28зашто Господ ќе го спроведе Својот збор на земјата и ќе го заврши брзо.“ 29И како што прорече Исаија: „Ако Господ над Воинствата не ни остави потомство, ќе бевме како Содом и ќе станевме слични на Гомор.“
30И така, што ќе кажеме? Народите - кои не се стремеа кон праведноста, ја примија праведноста, и тоа праведноста која е преку верата; 31а Израел - стремејќи се кон законот на праведноста, не стигна до Законот. 32Зошто? Зашто не настојуваше да го постигне со верата, туку со делата на Законот; се сопна од каменот на сопнување, 33како што е напишано: „Еве, на Сион поставувам камен за сопнување и стена на соблазан; и кој верува во Него, нема да се посрами.“

Селектирано:

РИМЈАНИТЕ 9: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се