РУТА 1
1
РУТА И НОЕМИНА
1:1-22
А. Ноемина тага
1Во она време кога владееја судиите настана глад во земјата, па од Јудиниот Витлеем еден човек отиде, со својата жена и со своите два сина, да се насели во Моавските Полиња. 2Тој човек се викаше Елимелех, жена му Ноемина, а двата негови сина: Малон и Хелеон; сите беа Ефратци од Јудиниот Витлеем. Стигнаа во Моавските Полиња и тука се населија. 3Тогаш Елимелех, Ноеминиот маж, умре, и таа остана сама со своите два сина. 4Тие се оженија со Моавки; едната се викаше Орфа, а другата Рута. И таму живееја десет години. 5Тогаш умреа Малон и Хелеон, и така Ноемина остана и без своите два сина и без својот маж.
Б. Ноемина решава да се врати во Витлеем
6Тогаш таа се крена, со своите снаи, да си отиде од Моавските Полиња, зашто чу во Моавските Полиња дека Бог го посетил Својот народ и му дал леб. 7И така таа си отиде од местото каде живееше, а со неа и нејзините снаи; тргнаа на пат за да се вратат во Јудината Земја. 8Тогаш Ноемина им рече на своите две снаи: „Вратете се секоја во домот на својата мајка! Господ нека ви биде милостив како што бевте вие кон покојниците и кон мене! 9Господ нека ви додели двете да најдете мир, секоја во домот на својот маж!“ И ги пољуби, а тие се расплакаа гласно. 10И ѝ рекоа: „Не! Ние ќе дојдеме со тебе, при твојот народ.“ 11Но Ноемина им рече: „Вратете се назад, ќерки мои! Зошто би сте иделе со мене? Зар ќе имам уште синови во својата утроба, кои би ви биле мажи? 12Вратете се назад, ќерки мои, само одете! Премногу сум стара, не сум за мажење, па и кога би рекла: ‘Имам надеж да се омажам уште ноќеска и да родам синови’ - 13зар би сте могле да чекате да пораснат, и зар би сте останале немажени заради нив? Не, ќерки мои, мојата тага би била поголема од вашата, зашто Господовата рака се крена на мене.“ 14Тие пак заридаа и Орфа ја пољуби својата свекрва и се врати, а Рута остана со неа.
В. Рута не сака да ја остави Ноемина
15Ноемина ѝ рече: „Ете, гледаш, твојата јатрва се врати при својот народ и при својот бог; врати се и ти по својата јатрва!“ 16А Рута ѝ одговори: „Не ме принудувај да те оставам и да си отидам од тебе: зашто каде одиш ти, ќе одам и јас, и каде ќе живееш ти, ќе живеам и јас; твојот народ ќе биде мој народ, и твојот Бог - мој Бог. 17Каде ќе умреш ти, ќе умрам и јас, каде ќе те погребаат тебе, ќе ме погребаат и мене. Господ нека ми врати со секакво зло и со неволја ако ме оддели нешто од тебе освен смртта.“ 18Гледајќи дека цврсто наумила да оди со неа, прекрати да ја одвраќа.
Г. Рута и Ноемина се враќаат во Витлеем
19Така заедно одеа додека не дојдоа во Витлеем. А кога дојдоа во Витлеем сиот град се возбуди заради нив. „Ма, ова ли е Ноемина?“ - (Пријатна) прашаа жените. 20А таа им одговараше: „Не викајте ме веќе Ноемина, туку викајте ме Мара (Горчлива), зашто Сѐдржителот ме исполни со горчина! 21Оттука заминав со полни раце, а сега Господ ме враќа со празни раце. Зошто ме викате Ноемина кога Господ посведочи против мене, и Сѐмоќниот ме завитка во тага?“
22Така се врати Ноемина со Моавката Рута, со својата снаа, од Моавските Полиња. Стигнаа во Витлеем токму кога почна жетвата на јачмен.
Селектирано:
РУТА 1: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: