СУДИИ 21
21
7. Запазување на Венијаминово племе
а. Израел тагува за Венијамин
1Израелевите луѓе се заколнаа вака во Миспа: „Никој од нас не ќе даде своја ќерка за жена на Венијаминов син.“ 2И народот отиде во Ветил и остана таму пред Господа до вечерта, тажејќи и плачејќи. 3Зборуваа: „Зошто, о Господи, Израелев Боже, требаше да се случи оваа несреќа, за да му снема денес едно племе на Израел?“ 4Утреден луѓето поранија и изградија таму жртвеник; принесоа паленици и помирителни жртви. 5Тогаш Израелците прашаа: „Има ли некое од сите Израелеви племиња што не дошло на собирот при Господа?“ Зашто свечено се заколнаа дека ќе го погубат оној, кој не ќе дојде во Миспа при Господа. 6На Израелците им се сожали за братот Венијамин, та рекоа: „Денес е откинато едно племе од Израел. 7Како ќе им дадеме жени на оние кои останаа, кога Му се заколнавме на Господа дека не ќе им даваме свои ќерки за жени?“
1. Девици на Галадски Јавис
б. Жени за Венијаминови синови
8Затоа прашаа: „Има ли некој од Израелевите племиња што не дошол при Господа во Миспа?“ И се покажа дека никој од жителите на Јавис Галадски не дојде во логорот, на собирот. 9Зашто кога народот се преброи, таму немаше никого од жителите на Галадски Јавис. 10Затоа заедницата испрати таму дванаесет илјади храбри луѓе и им заповеда: „Идете и исечете ги со остри мечеви жителите на Галадски Јавис, заедно со жените и децата. 11Еве што ќе направите: ќе ги предадете на проклето погубување сите мажи и сите жени, кои делеле постела со маж, но ќе го запазите животот на девиците.“ Така и направија. 12И најдоа меѓу жителите на Јавис во Галад четири стотини млади девојки, кои не делеле постела со маж, и ги доведоа во логорот во Сило, што е во Ханаан. 13Тогаш сето општество им испрати пратеници на Венијаминовите синови, кои беа на Римонската Стена: им објавија мир. 14Така се созеде Венијамин. Им ги дадоа оние од жените, од Галадски Јавис, кои ги оставија во живот, но не ги имаше достатно за сите. 15На народот му се нажали за Венијамин, зашто Господ направи празнина меѓу Израелевите племиња.
2. Грабнување на силоски девици
16“Како ќе им најдеме жени на оние што останаа - рекоа старешините на општеството - зашто се истребени жените на Венијамин?“ 17И рекоа: „Како да биде запазен остатокот на Венијамина, за да не биде сотрено едно племе од Израел? 18А не можеме да им ги дадеме нашите ќерки за жени.“ Зашто се беа заколнале, велејќи: „Проклет да биде оној кој ќе му даде жена на Венијамин!“ 19“Но - рекоа - Господов празник се слави секоја година во Сило.“ Градот се наоѓа северно од Ветил, источно од патот што води од Ветил во Сихем и јужно од Левона. 20И затоа ги посоветуваа Венијаминците: „Отидете во заседа по лозјата. 21Внимавајте, па кога девојките од Сило ќе излезат да играат во танец, вие излезете од лозјата, грабнете си секој за себе жена од силоските ќерки па одете си во Венијаминовата Земја. 22А кога нивните татковци и нивните браќа ќе дојдат да се жалат на вас, ние ќе им речеме: Простете им заради нас, зашто не им зедовме за секој по една жена во војната; а и сега вие не им ги дадовте, па да бидете виновни.’“ 23Венијаминовите синови направија така, и од девојките кои ги грабнаа зедоа онолкав број жени колку што ги имаше нив. Тогаш си отидоа и се вратија секој во своето наследство, пак изградија градови и се населија во нив. 24Тогаш Израелците се разотидоа, кој во своето племе и во својот род, и секој оттаму се врати во своето наследство.
8. Заклучок за епоха на Израелеви судии
25Во тоа време немаше цар во Израел, и секој го правеше тоа што му се чинеше дека е справедливо.
Селектирано:
СУДИИ 21: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: