ПЕСНА НАД ПЕСНИ 3
3
2. Испитување
1Во своето легло, во ноќите, го барав оној, кого го љуби мојата душа; го барав, но не го најдов. 2И така, ќе станам и ќе го оптрчам градот, по улиците и раскрсниците, ќе го барам оној, кого го љуби мојата душа: го барав, но не го најдов. 3Ме сретнаа стражарите, кои го обиколуваат градот: „Дали го видовте оној, кого го љуби мојата душа?“
Б. Меѓусебно љубовно владеење
1. Невестата:
4Туку што тргнав од нив, го најдов оној, кого го љуби мојата душа. Го фатив и нема да го пуштам, додека не го воведам во домот на мојата мајка, во спалната на мојата родителка.
2. Младоженецот:
5Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, во полските срни и елени, не ја будете и не ја тревожете мојата возљубена, додека самата не посака!
3. Девојките:
а. Столб на дим
6Што се дига тоа од пустината како столб од дим, од кадењето на смирната и темјанот и на сите милномирисни правови?
б. Соломонова постела
7Ете, тоа е Соломоновата носилка, околу неа, шеесет стројни момчиња, од најсилните во Израел! 8Сите се вешти со мечевите, обучени се за војна; секому мечот му е на бедрото, заради ноќните опасности.
в. Соломонова носилка
9Царот Соломон си направи престол за себе од ливанско дрво. 10Ги направи неговите столпчиња од сребро, потпирачите за лакти од злато; седиштето од црвено сукно; сѐ е украсено внатре, со љубовта на ерусалимските ќерки. 11Излезете, сионски ќерки, и видете го царот Соломон со венецот, со кој го овенча неговата мајка, во денот на неговата свадба, во денот на радоста на неговото срце.
Селектирано:
ПЕСНА НАД ПЕСНИ 3: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.