Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ТИТ 1

1
Вовед
1Павле, Божјиот слуга и апостол на Исуса Христа, според верата на Божјите избраници и познавањето на вистината, која е според побожноста, 2во надежта за вечен живот, што пред вечни времиња го вети Бог, Кој не лаже, 3а во свое време го јави Своето Слово преку прогласувањето, што ми е доверено мене според заповедта на Бога, нашиот Спасител - до Тит, вистинското чедо на заедничката вера: 4благодат, милост и мир од Бог Таткото и Господа Исуса Христа, нашиот Спасител.
За старешините
5Затоа те оставив на Крит, за да го средиш несвршеното и за да поставиш старешини по сите градови, како што ти наредив: 6ако е некој непорочен, маж на една жена, ако има деца кои веруваат, кои не се обвинети заради разузданост или непокорност; 7зашто епископот како Божји домоуправител треба да биде непорочен: не самољубив, не гневлив, не пијаница, не тепач, не лаком за срамна печалба, 8туку гостољубив, пријател на доброто, разумен, праведен, благочестив, воздржлив, 9кој се држи цврсто за верното слово, согласно со науката, за да може и да опоменува во здравата наука и да ги изобличува оние кои се противат.
10Имено, има многу непокорни, празнословци и измамници, особено од обрезаните, 11на кои треба да им се затвори устата, зашто тие заради срамна печалба растураат цели домови, учејќи го она што не треба. 12Еден од нив, нивен сопствен пророк, има речено: „Критјаните се секогаш лажливи, зли ѕверови, мрзливи трбуси!“ 13Ова сведоштво е вистинско. Затоа изобличи ги строго, за да бидат здрави во верата, 14за да не им обрнуваат внимание на јудејските бајки и заповедите на луѓето кои се одвраќаат од вистината. 15За чистите сѐ е чисто; а за оние кои се нечисти и кои не веруваат, ништо не е чисто, туку им се онечистени и разумот и совеста. 16Исповедуваат дека Го познаваат Бога, но Го одречуваат со делата, како одвратни и непослушни и неподобни за какво и да е добро дело.

Селектирано:

ТИТ 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се