Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 6

6
1Ние, во улога на Божји соработници, ве молиме да не ја пропуштите Божјата милосрдна благонаклоност спрема вас,
2зашто Бог вели: „Повикај Ме во вистинскиот час и Јас ќе ти ја услишам молитвата; побарај Ме во денот кога ти нудам спасение и Јас ќе ти помогнам!“ Сега е вистинскиот час! Денес е денот кога Бог ти нуди спасение!
3Не даваме повод нашето поведение некого да поколеба да поверува во Господ, затоа се трудиме нашата работа да биде беспрекорна.
4Во се се однесуваме како Божји службеници, стрпливо поднесувајќи ги сите напади, страдања и тешкотии.
5Не тепаат, не ставаат в затвор, креваат бунтови против нас, а ние работиме, минуваме бессони ноќи и гладуваме.
6Се докажуваме преку нашата чистота, знаење, стрпливост, љубезност, преку силата на Светиот Дух и преку нашата искрена љубов.
7Верно ја проповедаме вистината. Божјата сила работи во нас. Праведноста е нашето оружје и за напад и за одбрана.
8Му служиме на Бог без разлика дали луѓето не почитуваат, или не презираат, дали имаат добро или лошо мислење за нас. Ние сме чесни, но тие не нарекуваат измамници.
9Сите знаат за нас, а се однесуваат спрема нас како да не не познаваат. Соочени со смртни закани, а сепак, ете, живи сме. Казнувани сме, но не сме убиени.
10Се обидуваат да не растажат, но ние сепак сме радосни. Сиромашни сме, но на многумина им дадовме духовно богатство. Немаме ништо, а сепак поседуваме се.
11Драги наши пријатели во Коринт, ние искрено ви проговоривме, широко ги отворивме нашите срца.
12Не сме ние затворени спрема вас, туку вие сте затворени спрема нас.
13Како на свои деца ви велам: отворете ги и вие вашите срца спрема нас!
14Немојте да се здружувате со неверници! Како може праведен и неправеден да работат заедно? Како може светлината и темнината да живеат заедно?
15Може ли да има слога меѓу Христос и Ѓаволот? Каква заедница може да има еден христијанин со безверник?
16Треба ли во Божјиот храм да ставате и идоли? Ние сме храмови на Живиот Бог. Како што Самиот Тој вели за Своите следбеници: „Ќе живеам во нив, ќе се движам меѓу нив; Јас ќе бидам нивни Бог, а тие Мој народ.“
17„,Затоа, напуштете ги оние што не Му припаѓаат на Бог, одвојте се од нив,‘ - вели Господ. ,Не мешајте се со она што е нечисто и Јас ќе ве прифатам.‘“
18„,Ќе ви бидам Татко, а вие ќе бидете Мои синови и ќерки,‘ - вели Семоќниот Господ.“

Селектирано:

2 Коринтјаните 6: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се