Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 8

8
1Драги пријатели христијани во Коринт, сакаме да ве известиме за Божјата милосрдна благонаклоност кон црквите во Македонија.
2Тие поминаа низ големи искушенија и низ многу неволи, но нивната радост е толку голема што, и покрај нивната голема сиромаштија, тие се многу дарежливи.
3Јас сум сведок дека тие дадоа толку доброволни прилози колку што им се можностите, па и повеќе.
4Многу не молеа да им дадеме можност и тие да се вклучат во собирањето доброволни прилози за помош на христијаните во Ерусалим.
5Направија повеќе отколку што очекувавме. Прво самите себе Му се предадоа на Господ, а потоа ни се предадоа и нам, следејќи ја Божјата волја.
6Затоа го замоливме Тит, кој од порано ја започна оваа служба на милосрдие меѓу вас, да се врати кај вас и да ја доврши.
7Како што вие во многу нешта се истакнувате и имате: вера, проповедници, знаење, сериозен однос, љубов спрема нас, така погрижете се и вашата милосрдна дарежливост да не заостане.
8Ова не е наредба, туку, гледајќи ја ревноста со која другите и пристапуваат на оваа задача, сакам да проверам колку е искрена вашата љубов.
9Вие знаете каков милосрден дар ни даде нашиот Господ Исус Христос! Иако беше богат, заради вас Тој стана сиромашен, та преку Неговата сиромаштија вие да станете богати.
10Пред една година вие први почнавте да давате прилози и го правевте тоа од се срце. Затоа ви препорачувам сега да го довршите тоа дело; тоа ќе биде добро и за вас.
11Довршете ја оваа работа со истата ревност со која и ја започнавте. Дајте толку колку што можете.
12Ако постои добра волја, таа се цени според можностите на секој дародавател. Никој не очекува да дадете нешто што немате.
13Не велам давајќи за другите, вие да западнете во невола, туку повикувам на еднаквост.
14Сега, кога вие имате во изобилие, треба да им помогнете на оние што се во немаштија, па кога тие ќе имаат во изобилие, а вие ќе бидете во скудност, тие вам да ви помогнат, па така да постои еднаквост меѓу нас.
15Сетете се што пишува во Светото Писмо: „На оној што собра многу ништо не му преостана, а на оној што собра малку, сепак, му достаса.“
16Му благодарам на Бог што во срцето на Тит ја стави истата грижа што јас ја чувствувам за вас.
17Тој, не само што ја прифати нашата молба да дојде кај вас, туку одвај чекаше што побрзо да тргне на пат!
18Со него ви испраќаме уште еден наш брат кој е проповедник на Радосната вест, и ужива голема почит меѓу сите цркви.
19Освен тоа, тој е одбран од црквите да патува со нас кога ќе ги носиме доброволните прилози во Ерусалим. Тоа дело е за слава на Господ и ја покажува нашата готовност да помогнеме.
20Ќе патуваме заедно, за да не му дадеме никому повод да не озборува дека сомнително располагаме со овие вредни дарови,
21зашто сакаме да бидеме чесни не само пред Господ, туку и пред луѓето.
22Со нив ви испраќаме и еден наш брат чија искреност повеќепати сме ја провериле во многу работи. Тој сега уште повеќе сака да помогне, зашто има голема доверба во вас.
23Ако некој се распрашува за Тит, кажете му дека тој е мој другар и соработник во мојата служба меѓу вас. Што се однесува до браќата што ќе го придружуваат, тие се претставници на црквите. Тие се прекрасен пример како треба да се работи за слава на Христос.
24Покажете љубов спрема нив, за да видат црквите дека ние со право се гордееме со вас.

Селектирано:

2 Коринтјаните 8: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се