Колосјаните 4
4
1Господари, постапувајте чесно и правично со своите робови. Не заборавајте дека и над вас има Господар на небото!
2Посветете се на молитва, будно и со благодарност.
3Молете се и за нас, Бог да ни отвори патишта, па Неговата порака да се шири и да се објаснува тајната за Христос. Токму заради тоа сега јас сум в затвор.
4Молете се пораката да ја објаснувам разбирливо, онака како што треба.
5Однесувајте се мудро спрема оние што не се христијани и користете ја секоја можност.
6Зборувајте љубезно, умесно и концизно; давајте му умешен одговор на секој што ќе ви постави прашање.
7Мојот драг пријател Тихик, кој верно работи со нас и Му служи на Господ, ќе ви раскаже се што ве интересира за мене.
8Го праќам токму заради тоа, да ви каже како сме и да ве охрабри.
9Со него ќе дојде и вашиот земјак Онисим, кој е наш верен и многу мил брат по вера. Тие ќе ви раскажат за се што се случува овде.
10Ве поздравува Аристарх. И тој е в затвор со мене. Ве поздравува и Марко, братучедот на Барнаба. Ако дојде кај вас, прифатете го, како што веќе ви пишавме.
11Ве поздравува и Исус, меѓу нас познат како Јуст. Овие тројца се единствените христијани од Евреите што работат со мене за Божјото царство. Тие се големо охрабрување за мене.
12Ве поздравува и вашиот сограѓанин Епафрас, кој сега е во служба на Исус Христос. Тој ревносно се моли за вас, да бидете цврсти, да станете зрели христијани, уверени во целата Божја волја.
13Јас лично сум сведок колку ревносно се залага тој за вас, како и за христијаните во Лаодикеја и во Хиераполис.
14Ве поздравуваат нашиот драг лекар Лука и Димас.
15Поздравете ги сите христијани во Лаодикеја, а посебно Нимфа и членовите на црквата што се собираат во нејзиниот дом.
16Кога ќе го прочитате ова писмо кај вас, погрижете се да стигне и во Лаодикејската црква, за да го прочитаат и тие, а и вие треба да го прочитате писмото што им го упатив ним.
17Потсетете го Архип внимателно да ја извршува работата што му ја довери Господ.
18Сега своерачно ви пишувам: Поздрав од Павле! Не заборавајте дека сум в затвор. Бог нека ви биде благонаклонет.
Селектирано:
Колосјаните 4: MNT
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.