Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 1

1
1Од Павле, одбран од Бог да му биде апостол на Исус Христос, до Божјиот свет народ во Ефес, до верните следбеници на Исус Христос.
2Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос нека ви бидат благонаклонети и нека ви дадат мир.
3Благословен нека е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој не благослови со секаков вид духовни благослови од небесните простори, бидејќи Му припаѓаме на Христос.
4Поради Својата љубов спрема нас, уште пред светот да биде создаден, Бог не одбра да бидеме Негов народ, преку вера во Христос, и да бидеме свети и без пороци во Неговите очи.
5Неговиот план отсекогаш беше, преку Исус Христос, да не посвои, да не направи Негови деца. Тоа беше резултат на Неговата благонаклоност спрема нас.
6Го славиме Бога заради таа прекрасна благонаклоност што ја излеа врз нас, бидејќи Му припаѓаме на Неговиот сакан Син.
7Христос ја пролеа сопствената крв за да не откупи. Сега гревовите ни се простени. Го стори тоа поради Својата неизмерна благонаклоност спрема нас,
8излевајќи ја врз нас заедно со сета мудрост и разбирање.
9Бог ни откри каква Му била намерата и ни го објасни тајниот план што веќе беше решил да го оствари преку Христос.
10Планот што Бог ќе го доврши, кога за тоа ќе дојде време, е да собере се заедно, и од небото и од Земјата, и да го стави под власт на Христос.
11Токму по заслуга на Христос и ние бевме избрани за наследници, однапред определени од Бог, Кој се прави онака како што Самиот Тој ќе реши.
12Ние ќе ја увеличиме Божјата слава, сите ние што навреме ја положивме својата надеж во Христос.
13И вие сте сега Божји народ. Ја слушнавте вистината, Радосната вест за тоа како можете да се спасите, и поверувавте во неа. Бог ве посвои, ставајќи го врз вас Својот печат со тоа што ви го даде Светиот Дух, токму онака како што ни беше ветено.
14Светиот Дух е гаранција дека навистина ќе го добиеме она што Бог му го вети на Својот народ: откупување, ослободување за тие што се Негови. Тоа е уште една причина да го славиме нашиот величествен Бог.
15Слушнав за вашата вера во Исус Христос и за љубовта што ја имате спрема сите христијани
16и во моите молитви постојано Му благодарам на Бог за вас.
17Го молам Бога, Славниот Татко на нашиот Господ Исус Христос, да ви даде духовна мудрост и да ви открие се за Себе, за да Го запознаете целосно.
18Се молам вашите срца да бидат просветлени, за да согледате каква прекрасна иднина им е ветена на повиканите, да разберете какво богато и величествено наследство има Бог за Својот свет народ,
19колку е огромна силата со која Тој работи за нас кои Му веруваме. Таа сила е истата онаа моќна сила
20со која Тој Го воскресна Христос од мртвите и Му Го додели почесното место на небото, од Својата десна страна.
21Христос е високо над сите владетели и власти, над сите сили и господари, над секого, не само во овој свет, туку и во идниот.
22Бог се стави под власт на Христос и Го постави за Господар над се, во полза на Црквата.
23Црквата е Христовото тело, таа е исполнета со Христос, Кој со своето присуство исполнува се и насекаде.

Селектирано:

Ефесјаните 1: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се