Евреите 4
4
1Божјото ветување за влегувањето во местото на Неговото спокојство се уште важи, но постои опасност некој од вас да задоцни да влезе, и тоа е сериозна причина за страв.
2Зашто и ние ја чувме Радосната вест исто како и тие, но таа порака ним не им беше од никаква полза, бидејќи не поверуваа во тоа што им го порача Бог.
3Само ние што веруваме ќе влеземе во спокојството што го ветува Бог. За тие што не веруваат Бог рекол: „Разгневен се заколнав: Никогаш нема да влезат во местото на Моето спокојство!“ Бог го рече ова иако Неговото место на спокојство беше подготвено уште од создавањето на светот.
4По што, всушност, знаеме дека навистина било подготвено уште од самиот почеток? Па Бог во Светото Писмо за седмиот ден вели вака: „Откако ги заврши сите Свои дела, Бог си отпочина во седмиот ден.“
5Но на друго место го рече и следново: „Тие никогаш нема да влезат во местото на Моето спокојство!“
6Според тоа, Божјото спокојство е отворено за да влегуваат луѓето, но тие што порано ја слушнаа Радосната вест не влегоа, поради непослушност.
7Затоа Бог повторно определува време кога може да се влезе во Неговото спокојство и тоа време е денес. Бог ова по долго време го објави преку Давид, со веќе претходно цитираните зборови: „Ако денес го слушнете Божјиот глас, не стврднувајте ги вашите срца.“
8Ако тоа место на спокојство беше земјата Канаан, каде што Јошуа ги одведе, Бог немаше подоцна да зборува за друго место на спокојство.
9Според тоа, за Божјиот народ ќе има саботна починка.
10Зашто оние што ќе влезат во Божјата починка ќе се одморат од своите дела, како што Бог се одмори откако го создаде светот.
11Затоа треба да се потрудиме да влеземе во тоа место на спокојство, зашто секој што Му е непослушен на Бог, како што беа Израелците, ќе отпадне.
12Божјата порака е жива и делотворна, поостра и од најостриот меч со две сечила. Таа се пробива длабоко во нас, до нашите најдлабоки мисли и намери, соголувајќи ги и душата и духот во нас. Таа не разоткрива точно онакви какви што навистина сме.
13Никој не може да се скрие од Бог! Се е докрај соголено и разоткриено пред Неговите очи. Пред Него сите ќе полагаме сметка!
14Затоа да се држиме непоколебливо до верата што ја исповедаме, бидејќи Го имаме највозвишениот Првосвештеник - Исус, Божјиот Син, Кој отиде на небото!
15Нашиот Првосвештеник не е некој што не може да сочувствува со нашите слабости; напротив, имаме Првосвештеник Кој беше искушуван во се, како и ние, но Тој не згреши.
16Затоа, ние треба да пристапуваме кон престолот на Божјата благонаклоност со целосна доверба. Таму ќе добиеме милост и благонаклоност кои ќе ни бидат од голема помош кога ќе затреба.
Селектирано:
Евреите 4: MNT
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: