Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 5

5
1Секој Првосвештеник е човек одбран да ги застапува луѓето пред Бог. Тој ги принесува нивните дарови за Бог и жртвите за нивните гревови.
2Тој може да биде нежен спрема луѓето, иако тие живеат во незнаење и често застрануваат, бидејќи и самиот е човек и има свои слабости.
3Поради своите слабости, тој мора да принесува жртви не само за гревовите на народот, туку и за сопствените гревови.
4Но никој не може да стане Првосвештеник само затоа што сака да има таква чест. Тој мора да биде повикан од Бога, како што беше повикан и Арон.
5Така беше и со Христос. Тој не си ја додели Самиот на Себе честа да биде Првосвештеник, туку Бог Му рече: „Ти си Мојот Син, денес Јас станав Твој Татко!“
6А на друго место Бог за Него вели: „Ти си вечен Свештеник, според редот на Мелхиседек!“
7За време на Својот живот на Земјата Исус ги изнесуваше Своите молитви и молби низ гласен плач и низ солзи, упатени до Бог, Кој можеше да Го спаси од смрт. Молитвите Му беа услишани, заради почитта што Тој ја искажуваше спрема Бог.
8Иако Исус беше Божји Син, сепак, преку лични страдања мораше да дознае што значи да се биде послушен.
9На тој начин Исус стана совршен Првосвештеник и извор на вечно спасение за сите што Нему Му се послушни.
10Затоа Бог Го одреди за Првосвештеник од редот на Мелхиседек.
11Толку многу работи имаме да ви зборуваме за ова, но се чини дека вам слушањето тешко ви паѓа и затоа слабо разбирате.
12Веќе долго време сте христијани и досега требаше вие да подучувате други луѓе. Наместо тоа се уште некој треба вас да ве учи на првите лекции од Божјата порака. Уште сте како бебиња што можат да пијат само млеко и не можат да јадат тврда храна.
13А тој што се храни само со млеко, во духовниот живот, се уште е дете и не умее да постапува праведно.
14Тврдата храна е за зрелите, за оние што со постојана практика го имаат извежбано чувството да го разликуваат правилното од погрешното, и го извршуваат правилното.

Селектирано:

Евреите 5: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се