Јован 16
16
1„Овие работи ви ги кажав за да не се исплашите.
2Ќе бидете исклучувани од синагогите. И не само тоа, туку ќе дојде време кога ќе ве убиваат, и ќе мислат дека со тоа му прават услуга на Бог!
3Тие ќе ги вршат овие работи затоа што не Го познаваат ниту небесниот Татко, ниту пак Мене Ме познаваат.
4Ова ви го кажувам сега, та кога ќе дојде времето тоа да се исполни, да се сетите на ова што ви го кажав. На почетокот не ви зборував за ова, бидејќи бев со вас.“
5„А сега заминувам кај Оној што Ме испрати, па сепак, никој од вас не Ме прашува: ?Каде заминуваш?‘
6Кога ви го кажав сето ова, срцата ви се исполнија со тага.
7Но јас ви ја кажувам вистината: во ваша полза е Јас да заминам, зашто додека не заминам, Помошникот, Светиот Дух, нема да дојде кај вас. А штом Јас ќе заминам, ќе ви Го испратам.
8Кога Светиот Дух ќе дојде, ќе му ја објави на светот вистината за гревот, за Божјата правда и за Судот.
9Нивниот грев е во тоа што не веруваат во Мене.
10Тие не ја согледаа Божјата правда, зашто Јас заминувам кај Таткото и повеќе нема да Ме гледате.
11Тие не ја сфатија вистината за Судот, зашто кнезот на овој свет е веќе осуден.
12Уште многу имам да ви зборувам, но сега не сте во состојба да поднесете.
13Кога ќе дојде Духот на вистината, Тој ќе ве води во целосната вистина, зашто Тој нема да зборува Сам од Себе, туку ќе го зборува тоа што од Мене ќе го чуе, и ќе ви ја открие иднината.
14Светиот Дух ќе Ме прослави Мене со тоа што ќе ви ја пренесе Мојата порака.
15Се што има Таткото е Мое. Затоа ви реков дека Духот ќе ја земе пораката од Мене и ќе ви ја пренесе вам.“
16„Уште малку, па веќе нема да Ме гледате, но по извесно време пак ќе Ме видите.“
17Тогаш некои од Неговите ученици си рекоа еден на друг: „Што значи ова што ни го вели: ,Уште малку, па веќе нема да Ме гледате, а по извесно време пак ќе Ме видите?‘ и: ?зашто заминувам кај Таткото‘!?“
18Тие продолжуваа да прашуваат: „Што значи тоа ?уште малку‘ за кое Тој зборува!? Не разбираме за што зборува!“
19Исус сфати дека тие сакаат да Го прашаат, па им рече: „Реков: ?Уште малку, па нема да Ме гледате, но по извесно време пак ќе ме видите.‘ За ова ли се расправате меѓу себе?
20Со сигурност можам да ви кажам дека вие ќе плачете и ќе тагувате, а светот ќе се радува. Вие ќе тагувате, но подоцна вашата тага ќе се претвори во радост.
21Кога жената раѓа, таа има болки, зашто дошло времето на болките. Но, кога ќе се роди детето, таа заборава на маките, и се радува што родила човек на овој свет.
22Така и вие сега сте полни со тага. Но повторно ќе се видиме и ќе се израдувате; таа радост не ќе може никој да ви ја одземе!
23Во тој ден, за ништо повеќе нема да Ме прашувате. Ве уверувам дека Мојот небесен Татко ќе ви даде се што ќе посакате во Мое име.
24Досега не сте побарале ништо во Мое име. Барајте и ќе добиете, за да бидете наполно среќни.“
25„Се користев со споредби за да ви го објаснам тоа што сакав да ви го кажам. Доаѓа време кога нема повеќе да се служам со споредби, туку отворено ќе ви кажувам за небесниот Татко.
26Во тој ден ќе барате во Мое име и не ќе има потреба Јас да Го молам Таткото за вас,
27зашто, Таткото и Самиот ве сака, бидејќи вие Мене Ме засакавте и поверувавте дека Јас дојдов од Бога.
28Јас дојдов од Таткото и влегов во светот. Сега заминувам од светот и се враќам кај Таткото.“
29Неговите ученици рекоа: „Ете, сега ни зборуваш отворено и не се служиш со споредби.
30Сега знаеме дека Ти разбираш се и нема потреба да Те прашуваме. Поради тоа, ние веруваме дека Ти си дојден од Бог.“
31Исус им одговори: „Велите дека сега верувате?
32Еве, доаѓа часот, и веќе е дојден, кога ќе се разбегате, секој на своја страна, а Мене ќе Ме оставите Сам. Сепак, Јас нема да бидам сам, зашто Таткото ќе биде со Мене.
33Овие работи ви ги кажав, за да имате мир преку единство со Мене. Додека сте во светот, ќе доживувате страдања, но разведрете се - Јас го поразив светот!“
Селектирано:
Јован 16: MNT
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.