Maтеј 22:34-40
Maтеј 22:34-40 MNT
Кога фарисеите разбраа дека Исус ги замолкнал садукеите, се собраа заедно, и еден од нив, кој беше вероучител, сакајќи да Му постави стапица, Го праша: „Учителе! Која е најважната заповед во Божјиот Закон?“ Исус му одговори: „Сакај Го Господ, својот Бог, со сето срце, со сета душа и со сиот разум“. Тоа е првата и наедно најважната заповед. А втората е слична на првата, и гласи: „Сакај го својот ближен како самиот себе!“ Основата на целиот Божји Закон и целото учење на пророците, се овие две заповеди.

