Матеј 22:34-40 - Compare All Versions
Матеј 22:34-40 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Кога фарисеите разбраа дека Исус ги замолкнал садукеите, се собраа заедно, и еден од нив, кој беше вероучител, сакајќи да Му постави стапица, Го праша: „Учителе! Која е најважната заповед во Божјиот Закон?“ Исус му одговори: „Сакај Го Господ, својот Бог, со сето срце, со сета душа и со сиот разум“. Тоа е првата и наедно најважната заповед. А втората е слична на првата, и гласи: „Сакај го својот ближен како самиот себе!“ Основата на целиот Божји Закон и целото учење на пророците, се овие две заповеди.
Матеј 22:34-40 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Кога фарисеите слушнаа дека ги посрами садукеите, се здружија со нив. И еден од нив, познавач на Законот, искушувајќи Го, запраша и рече: „Учителе, која заповед е најголема во Законот?“ А Исус му одговори: „‚Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум;‘ тоа е прва и најголема заповед; а втората е слична на неа: ‚возљуби го својот ближен како себеси!‘ На тие две заповеди се држат целиот Закон и Пророците.“
Матеј 22:34-40 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А кога фарисеите чуја дека ги замолкна садукеите, се собраа заедно, и еден од нив, законик, Го праша, искушувајќи Го: “Учи-теле, која е големата заповед во Законот?“ А Тој му рече: „Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла!“ Тоа е најголемата и прва заповед; а втората е како и оваа: „Љуби го твојот ближен како себеси!“ На тие две заповеди висат сиот Закон и Пророците.“