Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 22

22
Парабола за свадбата на царевиот син
(Лк 14,15-24)
1 # 13,33 И одговарајќи, Исус пак им гово­реше во параболи и рече: 2#8,11; 18,23; Изреки 9,1-6„Царството небесно прилега на еден цар, кој направи свадба за својот син. 3#21,34И ги испрати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадба; а тие не сакаа да дојдат. 4#21,36Потоа испрати други слуги и им ре­че: кажете им на поканетите: ‚Ете, при­готвив јадење; јунците мои и сѐ што е угоено се заклани, и сѐ е готово; дојдете на свадбата!‘ 5#Лк 14,18Но, тие не сакаа да знаат за тоа, ту­ку си отидоа: кој на нива, кој по тргови­ја; 6#21,35а некои, пак, ги фатија неговите слу­ги, ги исмејаа и ги убија. 7Штом чу за тоа царот, се налути, ис­прати своја војска и ги погуби убијците и им го изгоре нивниот град. 8Тогаш им рече на слугите свои: ‚Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни. 9#Откр 19,7Затоа одете по крстопатите и колкумина ќе најдете, поканете ги на свадба!‘ 10#9,9-13; 13,38.47И излегоа слугите на крстопатите, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и се наполни свадбениот дом со гости. 11Кога влезе царот да ги види гости­те, забележа еден необлечен во свадбе­ни алишта. 12#26,50Па му рече: ‚Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена руба?‘ А тој молчеше. 13#8,12Тогаш царот им рече на слугите: ‚Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби!‘ 14#20,16зашто, мнозина се повикани, а мал­кумина избрани.“
Прашања за данокот
(Мк 12,13-17; Лк 20,20-26)
15 # 16,1; Лк 11,54 Тогаш фарисеите отидоа и се дого­во­рија како да Го фатат во некој збор. 16#5 Мојс 10,17; Дела 10,34-35И ги испраќаа кај Него своите уче­ници, заедно со некои Иродовци, кои Му говореа: „Учителе, знаеме дека си правичен и навистина ги учиш луѓето на патот Божји, и не се плашиш од ни­кого, зашто не гледаш кој е кој; 17затоа кажи ни; што мислиш: треба ли да се дава данок на царот или не?“ 18Но Исус го проѕре лукавството нив­но и рече: „Што Ме искушувате, лицемери? 19Покажете Ми една пара од да­но­кот.“ Тие Му донесоа еден денариј. 20И им рече: „Чиј е овој лик и потпис?“ 21#6,24; Рим 13,7; 1 Птр 2,17Тие одговорија: „На царот.“ Тогаш им рече: „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“ 22#16,4; 22,33И штом го чуја тоа, тие занемеа и, оставајќи Го, си отидоа.
Прашања за воскресението
(Мк 12,18-27; Лк 20,27-38)
23 # Дела 4,1-2; 1 Кор 15,12 Во истиот ден пристапија кон Него и садукеите, кои велат дека нема вос­кресение, и Го прашаа, говорејќи: 24#1 Мојс 38,8; 5 Мојс 25,5„Учителе, Мојсеј рече: ‚Ако умре некој без деца, тогаш брат му нека ја зе­ме жената негова и нека му подигне по­томство на својот брат!‘ 25Кај нас имаше седуммина браќа; првиот се ожени и умре; па, бидејќи не­маше пород, ја остави жената своја на брата си; 26исто така направи и вториот, и третиот, дури и седмиот; 27а по сите нив умре и жената. 28При воскресението, на кого од седуммината ќе биде таа жена, бидејќи со сите живеела?“ 29Исус им одговори: „Се лажете, заш­то не ги познавате Писмата, ниту силата Божја; 30#Кол 1,12зашто при воскреснувањето луѓето ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, ту­ку ќе живеат како ангели Божји на не­бесата. 31А за воскреснувањето на мртвите, не сте ли читале што ви рекол Бог, Кој вели: 32#2 Мојс 3,6; 3,15-16; Дан 12,2; Дела 3,13‚Јас сум Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.‘ Бог не е Бог на мртвите, туку на живите.“ 33#7,28; Јн 7,15И народот, слушајќи го тоа, се вос­хитуваше на Неговата наука.
Најважната заповед
(Мк 12,28-34; Лк 10,25-28)
34Кога фарисеите слушнаа дека ги посрами садукеите, се здружија со нив. 35#16,1И еден од нив, познавач на Законот, искушувајќи Го, запраша и рече: 36„Учителе, која заповед е најголема во Законот?“ 37#5 Мојс 6,5; Ис.Н. 22,5А Исус му одговори: „‚Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум;‘ 38тоа е прва и најголема заповед; 39#5,43; 19,19; 3 Мојс 19,18; Јн 13,34-35; Рим 13,8-9; Гал 5,14; Јк 2,8а втората е слична на неа: ‚возљуби го својот ближен како себеси!‘ 40#7,12На тие две заповеди се држат це­ли­от Закон и Пророците.“
За Давидовиот син
(Мк 12,35-37; Лк 20,41-44)
41И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша 42и рече: „Што мислите за Христос? Чиј син е Тој?“ Му одговорија: „Давидов.“ 43#9,27Им рече: „Како тогаш Давид, преку Духот Го нарече Господ, велејќи: 44#26,64; Пс 110,1; Мк 16,19; Дела 2,33-34; Евр 1,3.13; 8,1; 10,12-13‚Му рече Господ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во под­ножјето на нозете Твои.‘ 45#1,1И така, ако Давид Го нарече Гос­под, како тогаш може Тој да Му е син?“ 46#Мк 12,34; Лк 20,40; Јн 21,12И никој не можеше да Му одговори ниту збор, и од тој ден никој веќе не се осмели да Го праша.

Селектирано:

Матеј 22: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се