Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 21

21
Христовото свечено влегување во Ерусалим
(Мк 11,1-11; Лк 19,28-40; Јн 12,12-19)
1 # Зах 14,4; Мк 11,1; 14,13 А кога наближија до Ерусалим и дој­доа до Витфагија, кај Мас­ли­новата Гора, Исус испрати двајца уче­ници 2#1 Мојс 49,11и им рече: „Отидете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете вр­зана магарица и младо магаре со неа; одврзете ги и доведете Ми ги! 3А ако некој ви рече нешто, кажете му дека Му се потребни на Господа, и веднаш ќе ги прати.“ 4#1,22А сето тоа стана за да се исполни ка­жаното преку пророкот, кој вели: 5#11,29; Ис 62,11; Зах 9,9„Кажете ѝ на ќерката Сионова: ете, твојот цар доаѓа кај тебе кроток, качен на магарица со младо магаре.“ 6#26,19Учениците отидоа и направија така, како што им беше заповедал Исус. 7#Јн 12,14Ги дотераа магарицата и младото магаре и ги кладоа одозгора алиштата свои, и Тој седна над нив. 8#1 Цар 1,33; 2 Цар 9,13А мнозина од народот ги постилаа по патот облеките свои; други, пак, се­чеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот; 9#23,39; Пс 118,25.26; Пс 148,1; Јов 16,19; Лк 13,35а народот што врвеше пред Него и по Него, викаше велејќи: „Осана на Си­нот Давидов! Благословен е Тој што до­аѓа во името Господово! Осана на висините!“ 10#2,3И кога влезе во Ерусалим, целиот народ збунето прашуваше: „Кој е овој?“ 11#5 Мојс 18,15; Лк 24,19; Јн 4,19; 7,40; 9,17; Дела 3,22-23А народот одговараше: „Овој е Ис­ус, пророкот од Назарет галилејски.“
Изгонување на трговците од храмот
(Мк 11,15-19; Лк 19,45-48; Јн 12,12-16)
12 # Неем 13,7-8; Јн 2,14-15 И влезе Исус во храмот Божји и ги истера сите што продаваа и купуваа во храмот, ги растури масите на ме­ну­ва­чи­те и столовите на оние што продаваа гу­лаби, 13#Ис 56,7; Ер 7,11и им рече: „Напишано е: ‚Домот Мој нека биде дом за молитва‘, а вие го направивте како разбојничка пештера.“ 14#11,4; 3 Мојс 21,18; 2 Сам 5,8И дојдоа кај Него во храмот слепи и куци, и Тој ги излекува. 15#4 Мојс 14,22А првосвештениците и книж­ни­ци­те, гледајќи ги чудесните дела што ги направи Тој, и слушајќи ги децата како викаат во храмот и велат: „Осана на Да­видовиот Син!“, се разгневија, 16#Пс 8,3; Јн 12,19и му рекоа: „Слушаш ли што велат тие?“ А Исус им рече: „Да! Зар никогаш не сте читале: ‚Од устата на но­во­ро­денчињата и од оние што цицаат Ти си приготвил пофалба?‘“ 17#Мк 11,1.11; Лк 21,37И кога ги остави, отиде надвор од градот, во Витанија, каде што преноќи.
Смоквата што не дава плод
(Мк 11,12-14.20-24)
18А утредента, враќајќи се во градот, огладне; 19#Ос 9,16; Лк 13,6-9и виде покрај патот смоква, па оти­де до неа; откако не најде на неа ништо освен лисја, рече: „Од сега да нема плод на тебе довека!“ И смоквата веднаш се исуши. 20Штом го видоа тоа, учениците се за­чудија и рекоа: „Како веднаш се исуши смоквата!“ 21#17,20; Лк 17,6; Јк 1,6А Исус им одговори и рече: „Вис­ти­на, ви велам: ако имате вера и не се по­сомневате, не само тоа што стана со смоквата ќе го правите, туку, ако и на оваа планина ѝ речете – дигни се и фрли се в море, ќе биде. 22#7,7-8; Мк 11,24И сѐ што ќе побарате во молитва со вера, ќе добиете.“
Прашања за Исусовите овластувања
(Мк 11,27-33; Лк 20,1-8)
23 # 7,29; 28,18 И кога дојде Тој во храмот и по­у­чу­ваше, пристапија кон Него прво­свеш­те­ниците и старешините народни и рекоа: „Со каква власт го правиш тоа и кој Ти ја дал таа власт?“ 24А Исус им одговори и рече: „И Јас ќе ве прашам нешто. Па, ако Ми одго­во­рите, и Јас ќе ви кажам со каква власт го правам тоа. 25#21,32; Лк 7,30; Јн 3,27Крштавањето Јованово од каде беше: од небото или од луѓето?“ А тие размислуваа меѓу себе и велеа: „Ако ка­жеме – од небото, ќе ни рече: ‚Па зошто не му поверувавте?‘ 26#14,5; 21,46А ако речеме: – од луѓето, се пла­шиме од народот, зашто сите го сметаа Јован за пророк.“ 27И, одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Тој им рече: „Ни Јас не ви кажувам со каква власт го правам тоа.“
Парабола за двата сина
28 # 20,1.4; Лк 15,11 „Што мислите за ова? Еден човек имаше два сина; па отиде кај првиот и му рече: ‚Сине, оди денес да работиш во моето лозје!‘ 29Тој одговори и рече: ‚Не сакам!‘ но потоа се покаја и отиде. 30Дојде и кај вториот, и му го рече ис­тото. Тој одговори и рече: ‚Ќе отидам, господаре.‘ Но не отиде. 31#6,10; Лк 18,9-14Кој од двајцата ја исполни татковата волја?“ Му одговорија: „Првиот.“ То­гаш Исус им рече: „Вистина ви велам дека цариниците и блудниците ќе ве испреварат во царството Божјо: 32#Лк 7,37-50; 19,1-10зашто дојде кај вас Јован по патот на праведноста и вие не му поверувавте, а цариниците и блудниците му поверуваа; вие, пак, иако видовте, не се предомисливте отпосле за да му поверувате.“
Парабола за немилосрдните лозари
(Мк 12,1-12; Лк 20,9-19)
33 # Ис 5,1-2 „Чујте друга парабола! Беше еден човек домаќин, кој насади лозје, го за­гради со плот, ископа бунар, направи кула и, откако им го предаде на ло­за­ри­те, си отиде. 34#22,3И кога наближи времето за берба, тој ги испрати кај лозарите своите слу­ги за да му ги приберат плодовите. 35#22,6; 23,37Но, лозарите, ги фатија неговите слуги, едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот со камења го засипаа. 36#22,4Тој испрати сега други слуги, по­ве­ќе од првите; но и со нив постапија ис­то. 37#Јн 3,16-17; 1 Јн 4,9Најпосле го испрати кај нив својот син, велејќи: ‚Ќе се засрамат од син ми.‘ 38#Гал 4,7Но лозарите, штом го видоа син му, си рекоа меѓу себе: ‚Овој е наследникот; ајде да го убиеме и да го присвоиме нас­ледството негово.‘ 39#Јн 19,17; Евр 13,12Па, го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија. 40Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?“ 41Му одговорија: „Злосторниците ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари што ќе му ги даваат плодовите навреме.“ 42#Ис 28,16; Пс 118,22-23; Дела 4,11; 1 Птр 2,4-8А Исус им рече: „Зар не сте читале во Книгите: ‚Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник: тоа е од Господ и чудесно е во очите наши.‘ 43#Дела 13,46Затоа ви велам дека царството Божјо ќе биде земено од вас и ќе се даде на народ што ги принесува неговите плодови. 44#Мк 11,18; Лк 20,18; Рим 11,11И кој падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“ 45И слушајќи ги Неговите параболи, првосвештениците и фарисеите разбраа дека говори за нив, 46#14,5; 16,14; 21,26па гледаа да Го фатат; но се плашеа од народот, зашто Го сметаа за пророк.

Селектирано:

Матеј 21: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се