Псалми 17
17
ПСАЛМ 17
Благодарност за чудесното спасение
1За крајот: од Давид, детето на Господа, кој ги искажа за Господа зборовите од оваа ода, во денот кога Господ го избави од раката на сите негови непријатели и од раката на Саул, 2#30,2-3; 143,2; 1 Мојс 49,24; 5 Мојс 32,4; 32,15.18.37 па рече:
Ќе Те љубам, Господи, сило моја.
3Господ е крепост моја,
и прибежиште мое и избавител мој.
Бог мој, помошник мој и на Него ќе се надевам;
заштитник мој, и сила на спасението мое и застапник мој.
4 #
115,3
Фалејќи Го, ќе Го повикувам Господа
и од непријателите мои ќе се спасам.
5 #
Изреки 13,15; 14,27 Ме обзедоа болки смртни
и потоците на беззаконието ме потресоа.
6Адски болки ме опколија,
замките на смртта ме престигнаа.
7 #
67,8; 96,2-5; 2 Мојс 19,16.18; Суд 5,4-5; 3 Цар 19,11-12; Ис 30,27-28; Авак 3,3-13 И во маките Го повикав Господа и кон мојот Бог извикав;
од Својот свет храм го слушна гласот мој
и лелекот мој пред Него ќе допре до ушите Негови.
8И се помести и се ужасна земјата,
и основите на горите затреперија и се изместија,
зашто Бог се разгневи на нив.
9 #
143,5
Се крена чад од гневот Негов,
и оган од лицето Негово се распали,
жар се разгоре од Него.
10 #
79,1; 98,1; 103,3 Па ги приклони небесата и слезе,
и мрак падна под нозете Негови.
11 #
96,2; 5 Мојс 4,11 И се качи на херувими и полета,
полета на ветрени крилја.
12И ја постави темнината за сокровиште Свое;
околу Него беше шаторот Негов,
темна вода во облаците воздушни.
13 #
28,1-11; 76,17-18 Од молњите пред Него облаците побегнаа,
градот и жарта огнена.
14 #
143,6
И згрми Господ од небото
и Вишниот го даде гласот Свој.
15 #
2 Мојс 15,8
И пушти стрели и ги распрсна,
и молњите ги умножи и ги расфрли.
16И се покажаа изворите водни
и се открија основите на светот од заканата Твоја, Господи;
од здивот на духот на гневот Твој.
17 #
141,6
Посегна од висините и ме дофати,
ме подзеде од многуте води.
18Ќе ме избави од моите силни непријатели
и од оние што ме мразат,
зашто тие станаа посилни од мене.
19Ме престигнаа во денот на мојата несреќа,
но Господ ми стана потпора
20и ме изведе на широчина;
ќе ме избави зашто ме засака.
Избави ме од силните непријатели мои
и од оние што ме мразат.
21И Господ ќе ми отплати според правдата моја
и според чистотата на рацете мои ќе ми возврати.
22Зашто ги запазив патиштата Господови
и не отпаднав од мојот Бог.
23Зашто сите судови Негови се пред мене
и повелбите Негови не ги оддалечив од себе.
24И ќе бидам непорочен со Него
и ќе се пазам од беззаконието свое.
25И Господ ќе ми возврати според правдата моја
и според чистотата на рацете мои пред очите Негови.
26Со светиите ќе бидеш свет,
и со човек невин ќе бидеш невин,
27и со избраниот ќе бидеш избран,
а со изопачениот ќе се изопачиш.
28Зашто Ти ќе го спасиш понизниот народ
и очите на горделивите ќе ги понижиш.
29Ти ќе го осветлиш светилникот мој, Господи;
Боже мој, ќе ја просветлиш темнината моја.
30 #
11,6
Зашто преку Тебе ќе се избавам од искушение;
и со мојот Бог ќе го преминам ѕидот.
31 #
61,6-7; 72,26; 5 Мојс 32,15; 32,18.30-31; 1 Цар 2,2; Ис 26,4; 43,5.7 Бог мој, непорочен е патот Негов,
зборовите Негови се вжарени;
заштитник им е на сите што се надеваат на Него.
32Зашто кој е Бог освен Господ?
И кој е Бог освен нашиот Бог?
33 #
5 Мојс 32,13; Авак 3,19 Бог Кој ме препашува со сила
и го направи непорочен патот мој;
34 #
143,1
Кој ги подготвува нозете мои како на елен
и на висина ме поставува;
35Кој ги учи рацете мои за борба;
Ти ги направи моите рамена како лак бронзен.
36И ми даде штит на спасение,
и десницата Твоја ме подзеде,
и воспитувањето Твое сосема ме исправи
и воспитувањето Твое ме научи.
37Ги рашири чекорите мои под мене
и не ослабеа стапалата мои.
38Ќе ги гонам непријателите мои, и ќе ги стасам
и нема да се вратам додека не премалат;
39ќе ги потиснам и не ќе можат да стојат,
ќе паднат под нозете мои.
40И ме препаша со сила за борба,
ги препна под мене сите што се креваат против мене.
41И непријателите мои ги натера во бегство
и оние што ме мразат ги сотре.
42Повикаа и немаше кој да ги спаси;
кон Господа повикаа, но не ги слушна.
43 #
2,8-9; Откр 2,26-28 Ќе ги иситнам како прав пред лицето на ветрот,
како кал на патиштата ќе ги згазам.
44Ќе ме избавиш од бунтовите на народот,
ќе ме поставиш за глава на народите.
Народот што не го знаев, ми служеше,
45 #
Мих 7,17
само што чуја – ме послушаа,
синовите туѓинци ме измамија,
46 #
17,46
синовите туѓинци остареа
и се осакатија од патеките свои.
47 #
17,47; 46,3 Жив е Господ и благословен е мојот Бог,
и нека се возвиши Бог на моето спасение.
48Бог Кој ми дава одмазда,
и Кој ги потчини народите под мене;
49 #
7,17; Рим 15,9 Избавителот мој од лутите непријатели мои;
од оние што се креваат против мене ќе ме подигнеш,
од човек неправеден ќе ме избавиш.
50 #
88,4.29 Затоа ќе Те славам меѓу народите, Господи,
и името Твое ќе го воспевам;
51Ти Кој го возвеличуваш спасението на царот Свој
и му правиш милост на помазаникот Свој,
на Давид и на потомството негово довека.
Селектирано:
Псалми 17: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024