Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 25

25
ПСАЛМ 25
Молитва за избавување
1 # 14,2; 16,1; 100,2 Од Давид.
Суди ми, Господи, зашто незлобливо одев
и на Господа надевајќи се, нема да изнемоштам.
2 # 7,9; 16,3; 138,23 Испитај ме, Господи, и искушај ме;
низ оган провери ја утробата моја и срцето мое.
3 # 118,30 Зашто милоста Твоја е пред очите мои
и во вистината Твоја ми беше благопријатно.
4 # 1,1-2 Не седев во собирот на суетните
и кај престапниците нема да влезам.
5Го намразив собранието на злобните
и со безбожните нема да седам.
6 # 72,13; 2 Мојс 30,17-21; 5 Мојс 21,6-7; Мт 27,24 Во невиност ќе ги измијам рацете мои
и ќе го обиколам Твојот жртвеник, Господи,
7 # 9,1 за да го слушнам гласот на пофалбата Твоја
и да раскажувам за сите чудеса Твои.
8 # 28,9; 62,2; 2 Мојс 24,16; 24,8 Ја возљубив убавината на домот Твој, Господи,
и местото на скинијата на славата Твоја.
9 # 27,3; 36,1-2.35-36; 54,23; 72,18-20; Изреки 10,27; 12,8 Не погубувај ја со безбожните душата моја
и со луѓе крвници животот мој;
10 # 2 Мојс 23,8 во нивните раце се беззаконијата,
десницата нивна се исполни со поткуп.
11 # 24,16 Јас, пак, чекорев во незлобливоста своја;
избави ме и помилуј ме.
12 # 21,22; 39,10; 51,9 Ногата моја застана на прав пат;
во собранијата ќе Те благословувам, Господи!

Селектирано:

Псалми 25: MAK2024PS

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се