1 Коринтјаните 13:4-8
1 Коринтјаните 13:4-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Да имаш љубов, значи: да имаш голема стрпливост и да бидеш љубезен. Да не си завидлив, да не се фалиш, да не се вообразуваш. Да не бидеш груб, да не бидеш себичен, да не бидеш избувлив, да не паметиш зло. Да не се радуваш на ниедна неправда, а да се радуваш на вистината. Секогаш да имаш разбирање за другите, секогаш да веруваш, секогаш да се надеваш и се да поднесуваш. Љубовта е вечна, а пророкувањата ќе престанат, зборувањето на непознати јазици ќе молкне, сегашното знаење ќе се надмине.
1 Коринтјаните 13:4-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Љубовта е великодушна, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не е горделива, не е непристојна, не бара свое, не се срди, не памти зло, не се радува на неправда, туку се радува на вистина, сѐ покрива, во сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ поднесува. Љубовта никогаш не пропаѓа. А пророкувањата? Ќе минат. Јазиците? Ќе замолкнат. Знаењето? Ќе исчезне.
1 Коринтјаните 13:4-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува; не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло; не ѝ се радува на неправдата, а ѝ се радува на вистината; сѐ премолчува, сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ трпи. Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби: ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне.