1 Јован 5:11-13
1 Јован 5:11-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А сведоштвото е тоа дека Бог ни дарувал живот вечен; и тој живот е во Неговиот Син. Кој Го има Синот Божји, тој го има и тој живот; кој го нема Синот Божји, го нема тој живот. Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Синот Божји, за да знаете дека имате живот вечен и да верувате во името на Синот Божји.
1 Јован 5:11-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Сведоштвото кажува дека Бог ни даде вечен живот и тој живот доаѓа од Неговиот Син. Кој го има Божјиот Син, има вечен живот. Кој го нема Божјиот Син, нема вечен живот. Ова ви го напишав за да знаете дека вие што верувате во името на Божјиот Син имате вечен живот.
1 Јован 5:11-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И ова е сведоштвото: Бог ни даде вечен живот, и тој живот е во Неговиот Син. Кој Го има Синот, има живот; кој Го нема Божјиот Син, нема живот. Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот и да верувате во името на Божјиот Син.