1 Тимотеј 6:11-12
1 Тимотеј 6:11-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тимотеј, ти си Божји човек, затоа бегај од тие зла! Труди се да бидеш праведен, побожен, верен, да ги сакаш луѓето, да бидеш трпелив и кроток. Бори се храбро за верата и држи се цврсто за неа, за да добиеш вечен живот. Токму за тоа Бог те одбра и ти веќе пред многу луѓе даде исклучително добро сведоштво!
1 Тимотеј 6:11-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но ти, човеку Божји, бегај од ова и стреми се кон праведноста, побожноста, верата, љубовта, трпеливоста и кротоста! Бори се со добриот подвиг на верата; освој го вечниот живот за кој си и повикан и си дал добра потврда пред многу сведоци.
1 Тимотеј 6:11-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А ти, Божји човеку, бегај од сѐ тоа! И стреми се кон праведност, побожност, вера, љубов, трпеливост, кротост! Бори се во добрата борба на верата, зграби го вечниот живот, за кој си повикан, и за кого си дал добра исповед пред многу сведоци!