2 Коринтјаните 12:7-9
2 Коринтјаните 12:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И, за да не се превознесувам со премногу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по лицето, да не се превознесувам. Затоа трипати Го молев Господ тоа да го отстрани од мене. Но Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила се покажува потполно во слабоста.“ Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите слабости за да се всели во мене силата Христова.
2 Коринтјаните 12:7-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Но, за да не станам премногу горделив поради многубројните откровенија што ги добив од Бог, ставен ми е трн во телото, сатански ангел, кој ме измачува и така ме држи во понизност. Трипати во агонија Го молев Господ да ме ослободи од него, но Тој ми рече: „Ја имаш Мојата благонаклоност и тоа ти е доволно! Мојата сила најдобро се забележува во твојата немоќ!“ Затоа, смело ја признавам својата немоќ зашто така станува очигледно дека Христовата сила работи преку мене.
2 Коринтјаните 12:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И за да не се возвишам поради прекумерните откровенија, даден ми е трн во телото, сатанин ангел, за да ме удира, за да не се возвишам. Трипати го молев Господа за тоа, за да го отстрани од мене. И Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, зашто Мојата сила се покажува совршена во слабоста.“ Затоа, со поголема радост ќе се фалам во своите слабости, за да се всели во мене Христовата сила.