Дела 6:8-10
Дела 6:8-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Бог беше благонаклонет спрема Стефан и му даде сила, па тој правеше големи чуда и изнесуваше докази меѓу луѓето. Но еден ден, неколку припадници на синагогата наречена ?Синагога на ослободените‘ почнаа да се расправаат со него. Тие беа Евреи од Киринеја, Александрија, Киликија и од областа Азија. Не можејќи да им се противстават на мудроста и на Духот со кои Стефан зборуваше
Дела 6:8-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Стефан, исполнет со вера и сила, правеше големи чудеса и знаци меѓу луѓето. Тогаш се кренаа некои припадници на синагогата, наречена синагога на Либертините, на Киринејците и Александријците, како и на оние што беа од Киликија и Азија, и почнаа да се препираат со Стефан; но не можеа да се спротивстават на мудроста и Духот со кои тој зборуваше.
Дела 6:8-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Стефан, полн со благодат и сила, правеше големи чудеса и знаци во народот. Но станаа некои од Синагогата наречена на Либертинците, на Киринејците, на Александријците и на оние од Киликија и Азија, и се препираа со Стефана. И не можеа да им се спротиват на мудроста и на Духот, со кој зборуваше.