Ефесјаните 2:8-10
Ефесјаните 2:8-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Бог, кога поверувавте, ве спаси поради Својата милостива благонаклоност спрема вас. Спасението не е по ваша заслуга, тоа е Божји дар. Никој не го заработил, па да може да се фали. Ние сме Божјо совршено, врвно дело. Создадени сме преку Исус Христос, за да живееме живот исполнет со добри дела, што Бог уште одамна ги испланирал за нашите животи.
Ефесјаните 2:8-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас – туку дар Божји! Не е од дела, за да не се пофали некој. Зашто ние сме Негова творба, создадени во Христос Исус за добри дела што Бог ги предодредил уште од порано да живееме во нив.
Ефесјаните 2:8-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој. Имено, Негово дело сме, создадени во Христа Исуса, за добри дела, кои Бог ги подготви однапред, за да живееме во нив.