Евреите 5:7-10
Евреите 5:7-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Во деновите на Својот земен живот, Тој со силен вик и солзи упати молби и молитви кон Оној Кој можеше да Го спаси од смртта и поради Својата потчинетост од почит беше чуен. Иако беше Син, Тој се научи на послушност од она што го пострада, а, откако се усоврши, стана извор за вечно спасение на сите оние кои Му се послушни, и од Бога беше наречен Првосвештеник по чинот Мелхиседеков.
Евреите 5:7-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
За време на Својот живот на Земјата Исус ги изнесуваше Своите молитви и молби низ гласен плач и низ солзи, упатени до Бог, Кој можеше да Го спаси од смрт. Молитвите Му беа услишани, заради почитта што Тој ја искажуваше спрема Бог. Иако Исус беше Божји Син, сепак, преку лични страдања мораше да дознае што значи да се биде послушен. На тој начин Исус стана совршен Првосвештеник и извор на вечно спасение за сите што Нему Му се послушни. Затоа Бог Го одреди за Првосвештеник од редот на Мелхиседек.
Евреите 5:7-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тој, во деновите на Своето тело, Му принесе молитви и молби со силно викање и солзи, на Оној Кој можеше да Го спаси од смрт, и беше чуен заради богобојазливоста. Иако беше Син, ја научи послушноста од она што го претрпе и откако се усоврши, им стана на сите кои Му се послушни, Повод за вечно спасение, наречен од Бога Првосвештеник по редот Мелхиседеков.