Јован 16:22-23
Јован 16:22-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Така и вие сега сте полни со тага. Но повторно ќе се видиме и ќе се израдувате; таа радост не ќе може никој да ви ја одземе! Во тој ден, за ништо повеќе нема да Ме прашувате. Ве уверувам дека Мојот небесен Татко ќе ви даде се што ќе посакате во Мое име.
Јован 16:22-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Па така и вие, сега сте нажалени; но Јас пак ќе ве видам, и ќе се зарадува срцето ваше, и радоста ваша никој нема да ви ја одземе; и во тој ден нема да Ме прашувате за ништо. Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот, во Мое име, ќе ви даде.
Јован 16:22-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Така и вие сега сте нажалени; но пак ќе ве видам, па ќе се зарадува вашето срце, и таа ваша радост никој не ќе може да ви ја одземе. Во оној ден нема да Ме прашате за ништо. Вистина, вистина ви велам: што и да молите од Мојот Татко, во Мое име, ќе ви даде.