Јован 16:7-8
Јован 16:7-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но Јас вистината ви ја кажувам: подобро е за вас Јас да си отидам, зашто, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде кај вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам. А Тој, кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд
Јован 16:7-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Но јас ви ја кажувам вистината: во ваша полза е Јас да заминам, зашто додека не заминам, Помошникот, Светиот Дух, нема да дојде кај вас. А штом Јас ќе заминам, ќе ви Го испратам. Кога Светиот Дух ќе дојде, ќе му ја објави на светот вистината за гревот, за Божјата правда и за Судот.
Јован 16:7-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Сепак, Јас ви ја кажувам вистината: подобро е за вас, Јас да си отидам; зашто ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го испратам. А кога ќе дојде Тој, ќе го увери светот за грев и за правда и за суд.