Исус Навин 4:21-23
Исус Навин 4:21-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
и им рече на синовите Израелови: „Кога ќе ве прашаат вашите синови, велејќи: ‚Зошто се овие камења?‘ кажете им на вашите синови: Израел го помина Јордан по суво. Зашто Господ, вашиот Бог, ги исуши водите на Јордан за вас, додека да го преминете, исто онака, како што Господ, вашиот Бог, го направи со Црвеното Море, кое го исуши пред нас, додека го преминувавме
Сподели
Прочитај Исус Навин 4Исус Навин 4:21-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш им рече на Израелците: „Ако вашите потомци ги прашаат еден ден своите татковци: ‘Што значи ова камење?’ - Вие поучете ги вака: ‘Израел тука помина по суво преку Јордан,’ зашто Господ, вашиот Бог, ја пресуши пред вас водата на Јордан додека не поминавте, како што направи вашиот Бог Господ со Црвеното Море, кога го пресуши пред нас додека не поминавме.
Сподели
Прочитај Исус Навин 4