Лука 4:5-8
Лука 4:5-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш Ѓаволот Го крена на високо место и за миг Му ги покажа сите царства на Земјата, па Му рече: „Ќе Ти дадам власт над сите нив и сиот нивни раскош, зашто тие мене ми се дадени и јас можам да ги давам кому што сакам! Значи, сево ова ќе Ти припадне Тебе, ако ми се поклониш.“ Исус му одговори: „Светото Писмо вели: ,Поклонувај Му се на Господ, твојот Бог, и само Нему служи Му!‘“
Лука 4:5-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Потоа ѓаволот Го одведе на една висока планина и му ги покажа за миг сите царства во светот. И Му рече ѓаволот: „Тебе ќе Ти ја дадам сета оваа власт и нивната слава, зашто мене ми е предадена, и ја давам кому што сакам. Ако ми се поклониш, сето тоа ќе биде Твое.“ Но Исус му одговори и рече: „(Бегај од Мене, сатано, зашто) напишано е: ‚На Господ, твојот Бог, поклонувај Му се и единствено Нему служи Му!‘“
Лука 4:5-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И го одведе на високо и Му ги покажа, во еден миг, сите царства на светот и Му рече ѓаволот: „Ќе ти ја дадам сета власт и нивната слава, зашто мене ми е предадена и јас ја давам кому што сакам. И така, ако ми се по-клониш, сѐ ќе биде Твое.“ А Исус одговори и му рече: „Бегај од Мене, сатано, оти е напишано: ‘Поклонувај Му се на Господа, Твојот Бог, и само Нему служи Му!’