Лука 4:9-12
Лука 4:9-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа Ѓаволот Го одведе во Ерусалим, Го постави на врвот од Божјиот храм и Му рече: „Ако си Ти Божјиот Син, фрли се долу, зашто во Светото Писмо пишува: ,Бог ќе им заповеда на Своите ангели да Те чуваат‘, и дека тие ќе Те понесат на своите дланки, за да не си ја сопнеш ногата на камен.“ Исус му одговори: „Но, го пишува и следново: ,Не искушувај Го Господ, својот Бог!‘“
Лука 4:9-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И Го одведе во Ерусалим, и Го постави на стреата од храмот, па Му рече: „Ако си Син Божји, фрли се одовде долу! Зашто е напишано: ‚На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе да Те зачуваат; и на раце ќе Те земат, да не си ја сопнеш ногата Своја на камен.‘“ И Исус му одговори и рече: „Кажано е: ‚Не искушувај Го Господ, својот Бог!‘“
Лука 4:9-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Го одведе во Ерусалим и Го постави на врвот на Храмот и Му рече: „Ако си Божји Син, фрли се оттука долу, зашто е напи-шано: ‘Ќе им заповеда на Своите ангели за Тебе, да Те запазат и ќе Те носат на раце, за да не си ја сопнеш Твојата нога на камен.’ Исус одговори и му рече: „Кажано е: ‘Не искушувај Го Господа, Својот Бог.’“