Матеј 15:32 - Спореди ги сите верзии
Матеј 15:32 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А Исус, кога ги повика учениците Свои, рече: „Жал ми е за луѓето, зашто три дни веќе стојат кај Мене и немаат што да јадат; да ги распуштам гладни, не би сакал, за да не премалеат по патот.“
Сподели
Матеј 15 MK2006Матеј 15:32 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Потоа, Исус ги повика кај Себе Своите ученици, и им рече: „Жал ми е за луѓето, зашто веќе три дни се со Мене, а ништо не јале. Не би сакал да ги пуштам да си одат гладни, за да не изнемоштат по пат.“
Сподели
Матеј 15 MNTМатеј 15:32 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А Исус ги повика Своите ученици при Себе, и рече: „Исполнет Сум со сожалување кон мноштвото, зашто веќе три дни останаа со Мене и немаат што да јадат; а не сакам да ги распуштам гладни, за да не премалеат по патот.“
Сподели
Матеј 15 MKB