Матеј 21:18-22
Матеј 21:18-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Рано утредента, на враќањето во Ерусалим, Исус огладне. Забележувајќи една смоква покрај патот, се доближи, но бидејќи на неа најде само лисје, ја проколна, велејќи: „Род да нема на тебе довека!“ И смоквата веднаш се исуши. Вчудовидени од оваа глетка, учениците Го прашаа: „Како можеше смоквата наеднаш да се исуши?“ А Исус им одговори: „Ве уверувам дека, доколку имате вера и не се сомневате, не само што ќе можете да го правите тоа што ђ се случи на смоквата, туку, ако и на оваа планина ђ речете: ,Подигни се и фрли се в море!‘ тоа ќе се случи! Ако верувате, ќе добиете си што ќе побарате преку молитва.“
Матеј 21:18-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А утредента, враќајќи се во градот, огладне; и виде покрај патот смоква, па отиде до неа; откако не најде на неа ништо освен лисја, рече: „Од сега да нема плод на тебе довека!“ И смоквата веднаш се исуши. Штом го видоа тоа, учениците се зачудија и рекоа: „Како веднаш се исуши смоквата!“ А Исус им одговори и рече: „Вистина, ви велам: ако имате вера и не се посомневате, не само тоа што стана со смоквата ќе го правите, туку, ако и на оваа планина ѝ речете – дигни се и фрли се в море, ќе биде. И сѐ што ќе побарате во молитва со вера, ќе добиете.“
Матеј 21:18-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога утредента се враќаше во градот, огладне. И виде смоква покрај патот и отиде до неа, но не најде ништо на неа, освен лисјата, и ѝ рече: „Отсега да нема плод од тебе довека!“ И смоквата се исуши веднаш. И кога учениците го видоа тоа, се зачудија и рекоа: „Како се исуши смоквата вед-наш?“ Исус одговори и рече: „Вистина ви велам, ако имате вера и не се посомневате, ќе направите не само тоа, што ѝ се случи на смоквата, туку ако ѝ речете на оваа гора: ‘Дигни се оттука и фрли се во морето!’ ќе биде; и сѐ што ќе побарате во молитва, со вера, ќе добиете.“