Матеј 24:37-39
Матеј 24:37-39 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога ќе дојде Синот Човечки, состојбата во светот ќе биде како во времето на Ное. Имено, пред самиот потоп, луѓето јадеа, пиеја, се женеа и се мажеа си до денот кога Ное влезе во бродот; и не сфатија што се случува, додека не дојде потопот и ги однесе сите. Така ќе биде и кога ќе се врати Синот Човечки.
Матеј 24:37-39 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
но, како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки; зашто, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден кога Ное влезе во ковчегот, и не сфатија додека не дојде потопот и истреби сѐ – така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки.
Матеј 24:37-39 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Како во Ноевите денови, така ќе биде и при доаѓа-њето на Човечкиот Син. Зашто, како во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и мажеа, до денот кога Ное влезе во ковчегот, и не знаеја додека не дојде пото-пот и однесе сѐ, така ќе биде и доаѓањето на Човечкиот Син.