Марко 12:29-31
Марко 12:29-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Првата најважна заповед гласи: ,Слушајте Израелци: Вие имате само еден Господ и Бог! Сакајте Го Господ, вашиот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја снага!‘ Втората заповед е слична на првата, и гласи: ,Сакај го својот ближен како самиот себе!‘ Други заповеди, поважни од овие, нема.
Марко 12:29-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Исус му одговори: „Најважна од сите заповеди е: ‚Чуј Израеле! Господ, Бог наш, е еден Господ. Затоа, возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и со сета своја сила!‘ Ова е најважната заповед. А втората е слична на неа: ‚Возљуби го својот ближен како себеси!‘ Друга заповед, поголема од овие, нема.“
Марко 12:29-31 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Исус одговори: „Првата е: ‘Слушај Израеле - Господ, нашиот Бог - е единствен Господ, и љуби Го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила’!“ А оваа е втората: „Љуби го својот ближен како себеси!“ Друга заповед, поголема од овие, нема.“